klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Фидан: Европската безбедност не може да се сведе на ЕУ

Фидан: Европската безбедност не може да се сведе на ЕУ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 07. 2026. 07:06:32

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека европската безбедност не може да се сведе на Европската Унија (ЕУ) и дека бара поширок пристап, нагласувајќи ја централната улога на Турција во безбедносната архитектура на континентот, јави Анадолија. Зборувајќи на настанот насловен како „Европската безбедност по самитот во Анкара: Зајакнување на соработката меѓу сојузниците на НАТО низ Европа“, организиран во Анкара од Центарот за стратегиски истражувања (SAM) на Министерството за надворешни работи и „Чатам хаус“, Фидан рече дека НАТО треба да се фокусира на градење долгорочен стратегиски капацитет, а не само на одговор на постојните закани, соопштија дипломатски извори. Фидан рече дека и покрај тензиите меѓу САД и Европа, не очекува тие да се претворат во неконтролирана криза на самитот на НАТО и дека учеството на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде важно во менаџирањето со разликите. Тој нагласи дека европската безбедност бара сеопфатен пристап надвор од ЕУ, нагласувајќи ја централната улога на Турција во таа рамка. Фидан ја повтори поддршката на Турција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и посочи дека одржувањето дипломатски контакти и дијалог со Русија, исто така, останува неопходно за европската безбедност. Тој додаде дека капацитетот на одбранбената индустрија на НАТО не треба да се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti