Svijet5456 vijesti
SvijetНЕ СМЕ ИСТИ И СРЕЌЕН СУМ ПОРАДИ ТОА, Мицкоски му одговори на Филипче
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека прв пат се согласува со претседателот на СДСМ Венко Филипче дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија....
SvijetЗголемен интензитетот на сообраќај, без подолги задржувања на граничните премини
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија попладнево од Автомото сојузот на Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево.
SvijetМФ: За првпат национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор
За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите. Со организирањето на националниот испит, за првпат преку Министерството за финансии се воспоставува национална сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор, со што се создаваат услови за натамошно професионализирање и зајакнување на оваа значајна функција во институциите. Спроведувањето на испитот и сертификацијата на внатрешните ревизори ќе значат директно зајакнување на капацитетите на единиците за внатрешна ревизија кај субјектите од јавниот сектор. Истовремено, ова претставува уште една конкретна потврда на заложбите на Министерството за финансии за зајакнување на механизмите за борба против корупцијата и обезбедување законско и одговорно работење на субјектите од јавниот сектор. Воспоставувањето на националниот испит е значајно и од аспект на европскиот интегративен процес. Со неговото организирање се прави чекор кон целосна реализација на препораките на Европската Унија во овој сегмент од Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а воедно се придонесува и кон успешна реализација на следните чекори од Реформската агенда…
SvijetМАЛОЛЕТНИК НОКАУТИРАШЕ 20-ГОДИШНИК СО КЛОЦА ВО ГЛАВАТА - Насилствата немаат крај
Вараждинската полиција заврши со криминалистичката истрага за крвавиот инцидент што се случи минатата сабота околу 3 часот наутро во улицата „Иван Падовац“ во Вараждин....
SvijetЛефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи. Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници. Поточно, ова било видливо од фактот што ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност. Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници. Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово“, потенцира Лефков. Затоа талогот од СДС, заедно со првиот човек Филипче можеби е…
SvijetМицкоски во посета на УХМР: Обезбедени нова опрема и прогностички центар, предизвик е изнаоѓањето стручен кадар
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде што беа претставени новите просторни, технички и лабораториски капацитети на институцијата. Како што информираше директорот на УХМР, Игор Лазаровски, во изминатите две години се реализирани бројни инвестиции насочени кон модернизација на лабораториските, метеоролошките и хидролошките системи, како и кон подобрување на работните услови за вработените. - Во Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите две години, се реализирани активности и инвестиции насочени кон модернизација на институцијата, подобрување на условите за работа, зајакнување на техничките и оперативните капацитети, како и унапредување на системите за метеоролошко, хидролошко и лабораториско следење - рече Лазаровски. Посочи дека во рамки на ИПА-проект во Секторот за квалитет на води, набавена и ставена е во функција современа лабораториска опрема со вкупна вредност од 671.000 евра. За потребите на оваа нова опрема, додаде, со буџетски средства целосно биле реновирани и адаптирани околу 200 метри квадратни лабораториски простор, согласно потребите, стандардите и условите за работа. Дополнително, Лазаровски нагласи дека во објектот на УХМР е извршена целосна реконструкција за реновирање на 200 метри квадратни простор за поставување нов прогностичко-синоптички центар. Инвестицијата е во вредност од околу 250.000 евра и е реализирана со средства…
SvijetЦУК: Сите расположливи државни ресурси се ангажирани за гасење на пожарот на Китка
На терен се трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на скопската противпожарна бригада и... The post ЦУК: Сите расположливи државни ресурси се ангажирани за гасење на пожарот на Китка appeared first on 360 степени.
SvijetМицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето […] The post Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија appeared first on Република.
SvijetКИТКА ПОД ОПСАДА НА ОГНОТ - Авиони и пожарникари ја спасуваат планината, селата во паника!
Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата....
SvijetРедовно усогласување на пензиите во согласност со законот, сè уште траат пресметките
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. - Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да поведат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде во соодветство со усогласувањата предвидени со законот - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Управата за хидрометеоролошки работи. Според Мицкоски, износот на зголемувањето на пензиите сè уште се пресметува. - Не, не се знае. Се пресметува, ќе се знае многу бргу - изјави Мицкоски. Пензиите се усогласуваат двапати годишно, на 1 март и на 1 септември, а во пресметката во согласност со законот еднакво учествуваат порастот на просечно исплатената плата и порастот на трошоците на живот. Во изминатите две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари. (МИА)
SvijetМицкоски: ДАТА ЦЕНТРИТЕ И AI СЕ НОВАТА НАФТА, но има структури кои не сакаат Македонија да напредува
Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент за долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски, истовремено упатувајќи остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата....
SvijetКос: Светот се промени, мора и процесот на проширување
Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска го претстави предлогот на Европската комисија за реформа на проширувањето на ЕУ и изнесе планирани чекори за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и нова методологија, нагласувајќи дека светот се променил, а со тоа мора да се промени и самиот процес на проширување. Таа на Конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб рече дека проширувањето не значи поголема ЕУ, туку посилна ЕУ. - Се работи за создавање Европа способна да ги осигура сопствените интереси соочена со сè поголемата конкуренција од другите глобални сили. Во тоа можеме да бидеме успешни само доколку го стабилизираме нашиот континент и во ЕУ ги вклучиме оние земји кандидатки кои ги исполнуваат своите обврски. Бидејќи ниту една европска земја не би можела сама. Проширувањето е геополитички стабилизатор на Европа – рече таа, додавајќи дека се очекува 2026 година да биде рекордна година за напредок во проширувањето на ЕУ. Таа потсети на 1999 година кога европските лидери се собраа во Хелсинки за да утврдат што треба да се направи за ЕУ да се подготви за најголемото проширување во историјата и истакна дека сличен процес веќе започнал. - Доаѓа „Хелсиншкиот момент“ на нашата генерација – рече таа и најави дека во октомври…