klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски во посета на УХМР: Обезбедени нова опрема и прогностички центар, предизвик е изнаоѓањето стручен кадар

Мицкоски во посета на УХМР: Обезбедени нова опрема и прогностички центар, предизвик е изнаоѓањето стручен кадар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·25. 08. 2026. 10:21:58

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде што беа претставени новите просторни, технички и лабораториски капацитети на институцијата. Како што информираше директорот на УХМР, Игор Лазаровски, во изминатите две години се реализирани бројни инвестиции насочени кон модернизација на лабораториските, метеоролошките и хидролошките системи, како и кон подобрување на работните услови за вработените. - Во Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите две години, се реализирани активности и инвестиции насочени кон модернизација на институцијата, подобрување на условите за работа, зајакнување на техничките и оперативните капацитети, како и унапредување на системите за метеоролошко, хидролошко и лабораториско следење - рече Лазаровски. Посочи дека во рамки на ИПА-проект во Секторот за квалитет на води, набавена и ставена е во функција современа лабораториска опрема со вкупна вредност од 671.000 евра. За потребите на оваа нова опрема, додаде, со буџетски средства целосно биле реновирани и адаптирани околу 200 метри квадратни лабораториски простор, согласно потребите, стандардите и условите за работа. Дополнително, Лазаровски нагласи дека во објектот на УХМР е извршена целосна реконструкција за реновирање на 200 метри квадратни простор за поставување нов прогностичко-синоптички центар. Инвестицијата е во вредност од околу 250.000 евра и е реализирана со средства…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti