Кос: Светот се промени, мора и процесот на проширување

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска го претстави предлогот на Европската комисија за реформа на проширувањето на ЕУ и изнесе планирани чекори за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и нова методологија, нагласувајќи дека светот се променил, а со тоа мора да се промени и самиот процес на проширување. Таа на Конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб рече дека проширувањето не значи поголема ЕУ, туку посилна ЕУ. - Се работи за создавање Европа способна да ги осигура сопствените интереси соочена со сè поголемата конкуренција од другите глобални сили. Во тоа можеме да бидеме успешни само доколку го стабилизираме нашиот континент и во ЕУ ги вклучиме оние земји кандидатки кои ги исполнуваат своите обврски. Бидејќи ниту една европска земја не би можела сама. Проширувањето е геополитички стабилизатор на Европа – рече таа, додавајќи дека се очекува 2026 година да биде рекордна година за напредок во проширувањето на ЕУ. Таа потсети на 1999 година кога европските лидери се собраа во Хелсинки за да утврдат што треба да се направи за ЕУ да се подготви за најголемото проширување во историјата и истакна дека сличен процес веќе започнал. - Доаѓа „Хелсиншкиот момент“ на нашата генерација – рече таа и најави дека во октомври…


