Svijet5511 vijesti
SvijetПОЛИЦАЕЦ СЕ МАСКИРАЛ КАКО ГРМУШКА - За шест часа напишал 74 казни!
Полициската управа Данелан објави фотографии од својата „специјална единица“ на социјалните мрежи, на кои се гледа полицаец облечен во камуфлажно одело што наликува на зелена грмушка, додека држи двоглед....
SvijetВооружен маж уапсен во голф-клубот на Трамп кај Лос Анџелес
Маж вооружен со пиштол е уапсен откако фотографирал и снимал видеозаписи од теренот на голф-клубот „Трамп национал“ кој му припаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп, во округот Лос Анџелес. Инцидентот се случил за време на викендот, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес. Како што е соопштено, полицијата го пронашла возилото на осомничениот Жанин Џон Тејл (38) на паркингот од голф-клубот, а кај него биле пронајдени рамка со 16 куршуми, наполнет пиштол со куршум во цевката и дополнителна наполнета рамка со муниција. Тејл е уапсен поради носење скриено огнено оружје и поседување забранета муниција која може да пробие панцир, соопшти канцеларијата на шерифот. По апсењето, детективите во домот на мажот пронашле уште огнено оружје и „повеќе тетратки со загрижувачки изјави“. Осомничениот е идентификуван како Жанин Џон Тејл (38) од Дауни, Калифорнија, и е задржан со кауција од 250.000 долари, а се очекува да се појави на суд на 26 август. Тејл е обвинет за поседување нерегистрирана пушка со кратка цевка, што е кривично дело коешто носи задолжителна минимална казна од десет години во сојузен затвор, според соопштението на Канцеларијата на американскиот обвинител за Централниот округ на Калифорнија. „Иако сè уште ги истражуваме мотивите на ова лице, благодарни сме…
SvijetМинатиот викенд во Црна Гора влегле повеќе луѓе отколку што земјата има жители
Полициската управа на Црна Гора објави дека минатиот викенд во оваа земја влегле повеќе луѓе отколку што има жители. Како што објавија, во текот на изминатиот викенд, на граничните премини во Црна Гора е регистриран исклучително интензивен меѓународен патнички сообраќај. Во периодот од 31.7 до 2.8.2026 година, на граничните премини во Црна Гора се регистрирани 632.766 патници и 146.147 моторни возила. 🚔 Tokom proteklog vikenda zabilježen je izuzetno intenzivan promet međunarodnog putničkog saobraćaja na graničnim prelazima u Crnoj Gori na ulazu iz 🇪🇺 u🇲🇪. 📅 U periodu od 31.7. do 2.8. 2026. godine, na GP u 🇲🇪 evidentirano je: 👥 632.766 putnika 🚗 146.147 motornih vozila ⤵️ — Uprava policije Crne Gore (@PolicijaCG) August 3, 2026 Најголем сообраќај на патници и возила е регистриран на граничните премини Добраково (80.694), Дебели Бријег (78.800), Сукобин/Муриќани (72.937), Драченовац (67.155) и Божај (44.283), додека 35.823 премини се регистрирани на аеродромот во Подгорица, 32.532 на аеродромот во Тиват и 31.064 на пристаништето во Котор. Според конечните резултати од пописот на населението од декември 2023 година, објавени од Дирекцијата за статистика на Црна Гора, оваа земја има 623.633 жители.
SvijetУапсено лице за кое се смета дека подметнало пожар кај Спокен
Американските власти синоќа соопштија дека е уапсен маж осомничен дека намерно подметнал еден од трите големи пожари во близина на градот Спокен, во американската сојузна држава Вашингтон, во кои изгореа повеќе од 700 објекти, а околу 64 илјади луѓе беа принудени на евакуација. Шерифот на округот Спокен, Џон Ноулс, изјави дека 37-годишниот Арон Фариначи, жител на Спокен, од понеделникот се наоѓа во притвор, со одредена кауција од милион долари. Според обвинението, Фариначи запалил трева покрај патот, предизвикувајќи еден од трите пожари што избувнаа во саботата северно и западно од Спокен. „Причините за другите два пожара се уште се истражуваат“, изјави Ноулс. Трите пожари во државата Вашингтон во моментов се меѓу најприоритетните за гаснење во САД. Десетици големи шумски пожари веќе со недели беснеат во државите Вашингтон и Орегон, загадувајќи го воздухот со чад и пепел. Поттикнати од силен ветер и сув воздух, пожарите зафатија површина од повеќе од десет илјади хектари северно од Спокен, вториот по големина град во државата Вашингтон со околу 230 илјади жители. Снимките објавени на Интернет покажуваат како огнот од државен парк се проширил кон шумските приградски населби, уништувајќи куќи, автомобили и вегетација.
SvijetИзраелската армија уништила тунел на Хезболах во јужен Либан
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уништиле тунел на Хезболах што се протегал на десетици метри под земја во населбата Срефин, во јужниот дел на Либан. Според израелската армија, припадници на 300. регионална бригада „Барам“ и специјализирани инженериски единици „Јахалом“ спровеле „таргетирана активност“ во областа, при што била уништена подземната инфраструктура. -Подземниот пат го користела терористичката организација Хезболах за напредување и извршување терористички заговори против нашите сили, се наведува во соопштението на израелската армија објавено на платформата „Икс“. ИДФ соопшти и дека на други локации во јужен Либан припадници на бригадата „Кфир“ откриле и уништиле складиште со оружје, во кое имало ракети и ракетни лансери на Хезболах. Дополнително, припадници на 4. бригада пронашле десетици парчиња борбена опрема, меѓу кои автоматски пушки „Калашников“, противтенковски ракети и друга воена опрема.
SvijetЕВРОПСКАТА АРТЕРИЈА ПРЕСУШУВА, Дунав ја запира трговијата во Австрија
Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура....
„5 минути со Чавез“: Зајас абер пристигна, Хаг го вика Али
Ало Зајас, пример, Хаг на линија. Го бараме Али. Паника во Зајас и во Мала Речица откако лидерот на ДУИ добил информации дека се подготвува обвинение против УЧК за воени злосторства. Баш сум изненаден, зар за Али миротворецот да има обвинение, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“ во новата епизода. Не ги […] The post „5 минути со Чавез“: Зајас абер пристигна, Хаг го вика Али appeared first on Република.
Svijet22 пожари на отворен простор утрово
Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира дека изгаснатите пожари се во: Општина Чучер Сандево – с. Глуво (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево... Текстот 22 пожари на отворен простор утрово е превземен од А1он.
SvijetВИДЕО | КРВАВ НАПАД ВРЗ КИЕВ - Руски ракети и дронови однесоа најмалку 14 жртви, се стравува дека има затрупани под урнатините
ВИДЕО | КРВАВ НАПАД ВРЗ КИЕВ - Руски ракети и дронови однесоа најмалку 14 жртви, се стравува дека има затрупани под урнатините
SvijetТрамп ги обвини нафтените компании дека „заработуваат многу поради неговата војна во Иран“
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон најголемите нафтени компании во САД, повикувајќи ги да ги намалат цените на горивата и да им помогнат на граѓаните, откако, според него, оствариле огромни профити за време на конфликтот со Иран- пишува Гардијан. Неговите изјави доаѓаат во период кога цената на суровата нафта Брент падна за повеќе […]
SvijetНајголемиот мит за Скопје – духовите на главниот град
Текстот е инспириран од коментарите за 26 јули насловени како жалопојки за градот, напишани од некои Скопјани и во тие коментари, за уништувањето на градот неодредените Скопјани ги обвинуваат дојденците односно провинцијалците – луѓето кои се доселиле во градот од други делови на Македонија. Да останеше само на таа тема, текстот ќе беше уште во … Најголемиот мит за Скопје – духовите на главниот град Read More » The post Најголемиот мит за Скопје – духовите на главниот град appeared first on Слободен печат.
SvijetВИДЕО: Детали од планот за отворање на Ормутскиот теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормутскиот теснец „многу брзо“ повторно ќе биде отворен за пловидба, а во спротивно Иран ќе се соочи со „тежок удар“. Во изјава за „Фокс њуз“, Трамп рече дека разговорите со Техеран се одвиваат добро и дека Иран има интерес да постигне договор. „Водиме многу... Текстот ВИДЕО: Детали од планот за отворање на Ормутскиот теснец е превземен од А1он.