klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Израелската армија уништила тунел на Хезболах во јужен Либан

Израелската армија уништила тунел на Хезболах во јужен Либан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·05. 08. 2026. 07:13:00

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уништиле тунел на Хезболах што се протегал на десетици метри под земја во населбата Срефин, во јужниот дел на Либан. Според израелската армија, припадници на 300. регионална бригада „Барам“ и специјализирани инженериски единици „Јахалом“ спровеле „таргетирана активност“ во областа, при што била уништена подземната инфраструктура. -Подземниот пат го користела терористичката организација Хезболах за напредување и извршување терористички заговори против нашите сили, се наведува во соопштението на израелската армија објавено на платформата „Икс“. ИДФ соопшти и дека на други локации во јужен Либан припадници на бригадата „Кфир“ откриле и уништиле складиште со оружје, во кое имало ракети и ракетни лансери на Хезболах. Дополнително, припадници на 4. бригада пронашле десетици парчиња борбена опрема, меѓу кои автоматски пушки „Калашников“, противтенковски ракети и друга воена опрема.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti