klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Вооружен маж уапсен во голф-клубот на Трамп кај Лос Анџелес

Вооружен маж уапсен во голф-клубот на Трамп кај Лос Анџелес
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·05. 08. 2026. 07:15:21

Маж вооружен со пиштол е уапсен откако фотографирал и снимал видеозаписи од теренот на голф-клубот „Трамп национал“ кој му припаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп, во округот Лос Анџелес. Инцидентот се случил за време на викендот, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес. Како што е соопштено, полицијата го пронашла возилото на осомничениот Жанин Џон Тејл (38) на паркингот од голф-клубот, а кај него биле пронајдени рамка со 16 куршуми, наполнет пиштол со куршум во цевката и дополнителна наполнета рамка со муниција. Тејл е уапсен поради носење скриено огнено оружје и поседување забранета муниција која може да пробие панцир, соопшти канцеларијата на шерифот. По апсењето, детективите во домот на мажот пронашле уште огнено оружје и „повеќе тетратки со загрижувачки изјави“. Осомничениот е идентификуван како Жанин Џон Тејл (38) од Дауни, Калифорнија, и е задржан со кауција од 250.000 долари, а се очекува да се појави на суд на 26 август. Тејл е обвинет за поседување нерегистрирана пушка со кратка цевка, што е кривично дело коешто носи задолжителна минимална казна од десет години во сојузен затвор, според соопштението на Канцеларијата на американскиот обвинител за Централниот округ на Калифорнија. „Иако сè уште ги истражуваме мотивите на ова лице, благодарни сме…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti