Svijet5543 vijesti
SvijetВИДЕО | „200 евра за две лежалки, ова го нема ни на Сејшели?!“: Инфлуенсерка шокирана од цените во Црна Гора
Чешката инстаграм-блогерка Кејт, која патува низ Европа на својата розова веспа, била изненадена од цените на лежалките во црногорските летувалишта Милочер и Свети Стефан. „200 евра за две лежалки и чадор? Навистина?! Дури ниту на Сејшелите или Фиџи не сум го видела тоа! Па, за среќа, сè уште постојат некои јавни опции… ќе видиме до … ВИДЕО | „200 евра за две лежалки, ова го нема ни на Сејшели?!“: Инфлуенсерка шокирана од цените во Црна Гора Read More » The post ВИДЕО | „200 евра за две лежалки, ова го нема ни на Сејшели?!“: Инфлуенсерка шокирана од цените во Црна Гора appeared first on Слободен печат.
SvijetБУРЕН ВИКЕНД за четири знака: Ова се среќниците
Според астролошките предвидувања, некои знаци очекуваат особено добро расположение, повеќе дружење и можности за незаборавни моменти овој викенд. Ѕвездите би можеле да им донесат енергија да излезат од рутината, да стекнат нови познанства и да имаат спонтани авантури....
SvijetЛекот „Фостер“ повторно достапен за пациентите без дополнителна доплата
Пациентите кои го користат лекот „Фостер“ повторно ќе можат да го подигнуваат од аптеките без дополнителни трошоци, соопшти Министерството за здравство. Од Министерството информираат дека компанијата која е носител на одобрението за ставање на лекот во промет направила промени со кои се овозможува негово повторно издавање без доплата. „Фостер“ се наоѓа на Позитивната листа на … Лекот „Фостер“ повторно достапен за пациентите без дополнителна доплата Read More » The post Лекот „Фостер“ повторно достапен за пациентите без дополнителна доплата appeared first on Слободен печат.
SvijetПронајдено дрво старо над 1000 години во Германија
Во регионот Алгој, на југот на Германија пронајдена е тиса стара околу 1.100 години. Дрвото се наоѓа во близина на Штајбис и Балдершванг, на надморска височина од околу 1.100 метри. Според процената на Германското дендролошко друштво, животниот век на оваа тиса надминува единаесет века. Експертите објаснуваат дека е вистинско чудо што успеала да преживее толку долг период, имајќи предвид дека расте на северозападната падина на Алпите. Обемот на стеблото изнесува 5,1 метар. Според професорот по биологија на дрвјата на Техничкиот универзитет во Дрезден, Андреас Ролоф, тоа изгледа како „величествен споменик“, а видливите бројни пукнатини, израстоци, јазли и шуплини сведочат за неговата исклучително долга историја. Сè уште не е познато како тисата стигнала до оваа изолирана алпска ливада. Според научниците, најверојатно не била засадена од човек, туку семето го донела птица. Со својата старост од околу 1.100 години, тисата од Алгој го надмина досегашниот рекорд на липата стара околу еден милениум, која расте во Упштет, Долна Саксонија. Дрвото игра важна улога за историјата на Европа. За ова сведочи ловечкиот лак пронајден покрај остатоците на Еци, познат како „ледениот човек“, кој живеел пред околу 5.300 години. Тој бил направен од дрво, а остатоците биле најдени на Алпите. Меѓу најстарите дрвја во Германија…
SvijetЗаглавена птица во мотор откажа лет во Солун
Авион не успеа да полета од солунскиот аеродром „Македонија“ поради заглавена птица во мотор.
SvijetЧленовите на ВИС Билјана му „напраја да му е неубо“ на Сергеј Ќетковиќ, додуша преку видео
Членовите на ВИС Билјана му „напраја да му е неубо“ на Сергеј Ќетковиќ...
SvijetТрамп сака да го забрани „породилниот туризам“ — потпиша две наредби за ограничување на државјанството
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, само неколку недели откако Врховниот суд го отфрли неговиот претходен обид да го укине ова право, објави „Би-би-си“. Претседателот во четвртокот потпиша две извршни наредби. Со првата се прошируваат постојните категории „странски државјани чии деца не би имале право автоматски … Трамп сака да го забрани „породилниот туризам“ — потпиша две наредби за ограничување на државјанството Read More » The post Трамп сака да го забрани „породилниот туризам“ — потпиша две наредби за ограничување на државјанството appeared first on Слободен печат.
SvijetКинески научници завршија ажурирана геолошка карта на Месечината
Кинески истражувачи завршија ажурирана геолошка карта на целата Месечина во размер 1:5.000.000, пренесе Синхуа повикувајќи се на Институтот за геологија при Кинеската академија за геолошки науки. Основната карта, со должина од околу 280 сантиметри и висина од 120 сантиметри, е дополнета со геолошки карти на поларните региони на природниот сателит на Земјата. На картата со точност се одбележани над 13.000 ударни кратери и 81 ударен басен, при што се оцртани 14 типа геолошки структури и 17 вида карпи. Врз основа на најновите податоци од кинеската програма за истражување на Месечината „Чанг’е“ (Chang’e) и други лунарни истражувања, картата ги ажурира геолошката временска скала на сателитот, класификацијата на лунарните материјали и картографското претставување на геолошките карактеристики. Тимот ја ревидираше лунарната геолошка временска скала, дефинирајќи го почетокот на донектарискиот, нектарискиот и имбриумскиот период соодветно пред 4,33 милијарди, 4,17 милијарди и 3,92 милијарди години. За првпат во светски рамки, картата обезбедува подетална поделба на стратиграфските единици што ги претставуваат подоцнежните фази од геолошката историја на Месечината. Ажурираната карта вклучува и податоци со повисока резолуција кои ја прикажуваат распределбата на клучните минерали на површината на Месечината и го усовршува системот за класификација на карпите. Врз основа на најновите откритија од мисиите „Чанг’е-4“ и „Чанг’e-6“, таа…
SvijetРусија наесен влегува во Полска?
Путин би можел да го тестира НАТО уште оваа есен, објави ексклузивно „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски разузнавачки информации, со проценки кои се движат од хакирање до копнена инвазија. Kaко цел се споменува напад на Полска. Рускиот претседател Владимир Путин би можел да се обиде да ја тестира силата и решителноста на НАТО со ограничен […] The post Русија наесен влегува во Полска? appeared first on Република.
SvijetМртви ирваси ги збунија истражувачите на Свалбард
Откривањето на повеќе од десетина изумрени ирваси на архипелагот Свалбард ги збуни истражувачите, а причината за смртта сè уште е непозната, соопшти највисокиот претставник на овој норвешки архипелаг. Вкупно 13 мртви животни – два мажјаци и 11 женки – беа откриени во две долини на архипелагот за време на пребројувањето на популацијата, пренесе ДПА. - Исклучително е необично репродуктивно способни женки и возрасни мажјаци да умираат во лето – изјави највисокиот функционер на Свалбард. „Затоа ја замолуваме јавноста да пријави доколку пронајде неодамна умрени ирваси“, додаде тој. Што ги убило животните останува целосно нејасно. „Во јули, ветеринарите веќе извршија обдукција врз три неодамна угинати ирваси. Земени се бројни примероци, но причината за смртта засега е непозната“, се наведува во соопштението. Свалбардскиот ирвас е подвид кој се наоѓа исклучиво на овој арктички архипелаг. (МИА)
SvijetДесет години од катастрофалните поплави во Скопје: Трагедија што не се заборава
Денеска се навршуваат десет години од едно од најтешките природни невремиња што ја погодија Македонија во поновата историја. На 6 август 2016 година, силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер го зафати скопскиот регион и за само неколку часа остави пустош, уништени домови и 22 загубени човечки животи. Најтешко беа погодени североисточните … Десет години од катастрофалните поплави во Скопје: Трагедија што не се заборава Read More » The post Десет години од катастрофалните поплави во Скопје: Трагедија што не се заборава appeared first on Слободен печат.
SvijetЕвропа како под вршник: Соборени рекорди, зголемен ризикот од пожари и енергетски проблеми
Екстремниот топлотен бран продолжува да ги погодува Централна и Источна Европа, при што во неколку земји се соборени температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа проблеми со енергетиката и го зголемија ризикот од шумски пожари, пишува „Гардијан“. Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце вчера се […] The post Европа како под вршник: Соборени рекорди, зголемен ризикот од пожари и енергетски проблеми appeared first on Република.