Пронајдено дрво старо над 1000 години во Германија

Во регионот Алгој, на југот на Германија пронајдена е тиса стара околу 1.100 години. Дрвото се наоѓа во близина на Штајбис и Балдершванг, на надморска височина од околу 1.100 метри. Според процената на Германското дендролошко друштво, животниот век на оваа тиса надминува единаесет века. Експертите објаснуваат дека е вистинско чудо што успеала да преживее толку долг период, имајќи предвид дека расте на северозападната падина на Алпите. Обемот на стеблото изнесува 5,1 метар. Според професорот по биологија на дрвјата на Техничкиот универзитет во Дрезден, Андреас Ролоф, тоа изгледа како „величествен споменик“, а видливите бројни пукнатини, израстоци, јазли и шуплини сведочат за неговата исклучително долга историја. Сè уште не е познато како тисата стигнала до оваа изолирана алпска ливада. Според научниците, најверојатно не била засадена од човек, туку семето го донела птица. Со својата старост од околу 1.100 години, тисата од Алгој го надмина досегашниот рекорд на липата стара околу еден милениум, која расте во Упштет, Долна Саксонија. Дрвото игра важна улога за историјата на Европа. За ова сведочи ловечкиот лак пронајден покрај остатоците на Еци, познат како „ледениот човек“, кој живеел пред околу 5.300 години. Тој бил направен од дрво, а остатоците биле најдени на Алпите. Меѓу најстарите дрвја во Германија…
Povezane vijesti
PISMO KOJE JE UZDRMALO PLANETU Tramp poručio: "Postižemo veliki napredak, imam dokument koji mogu da potpišem u svakom trenutku!"

Donald Trump: Ukrajina mora željeti okončati ovaj rat...
