klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кинески научници завршија ажурирана геолошка карта на Месечината

Кинески научници завршија ажурирана геолошка карта на Месечината
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·07. 08. 2026. 08:47:55

Кинески истражувачи завршија ажурирана геолошка карта на целата Месечина во размер 1:5.000.000, пренесе Синхуа повикувајќи се на Институтот за геологија при Кинеската академија за геолошки науки. Основната карта, со должина од околу 280 сантиметри и висина од 120 сантиметри, е дополнета со геолошки карти на поларните региони на природниот сателит на Земјата. На картата со точност се одбележани над 13.000 ударни кратери и 81 ударен басен, при што се оцртани 14 типа геолошки структури и 17 вида карпи. Врз основа на најновите податоци од кинеската програма за истражување на Месечината „Чанг’е“ (Chang’e) и други лунарни истражувања, картата ги ажурира геолошката временска скала на сателитот, класификацијата на лунарните материјали и картографското претставување на геолошките карактеристики. Тимот ја ревидираше лунарната геолошка временска скала, дефинирајќи го почетокот на донектарискиот, нектарискиот и имбриумскиот период соодветно пред 4,33 милијарди, 4,17 милијарди и 3,92 милијарди години. За првпат во светски рамки, картата обезбедува подетална поделба на стратиграфските единици што ги претставуваат подоцнежните фази од геолошката историја на Месечината. Ажурираната карта вклучува и податоци со повисока резолуција кои ја прикажуваат распределбата на клучните минерали на површината на Месечината и го усовршува системот за класификација на карпите. Врз основа на најновите откритија од мисиите „Чанг’е-4“ и „Чанг’e-6“, таа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti