Svijet5541 vijesti
SvijetПодгответе се за гужви – Почнуваат градежни активности во Драчево, Град Скопје со апел до возачите
Град Скопје ги известува граѓаните на наслеба Драчево дека од денеска Јавното претпријатие за Државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река. -Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, како Град Скопје, ве замолуваме за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред, најавија од […]
SvijetАмерикански Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси
Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА. Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале надвор од ограничениот воздушен простор. Телевизијата „Фокс њуз“ и весникот „Њујорк пост“ објавија дека авионите биле пресретнати во близина на голф-клубот на Трамп, каде што тој го минал викендот. Американската војска не соопшти колку борбени авиони учествувале во операцијата, ниту објави дополнителни информации за авионите што ги прекршиле ограничувањата за летање. Привремени ограничувања за летови редовно се воведуваат околу местата каде што престојуваат американските претседатели од безбедносни причини. Такви прекршувања се случуваат повремено и најчесто станува збор за помали авиони, забележува ДПА. Од НОРАД ги повикаа пилотите пред секој лет да ги проверуваат важечките ограничувања во воздушниот простор.
SvijetИзјавата на канцеларoт Штокер за грижата на децата предизвика политички скандал во Австрија
Изјавата на австрискиот канцелар и лидер на Народната партија, Кристијан Штокер, дека грижата за децата не е неплатена работа, продолжи да предизвикува реакции и во текот на викендот. Иако шефот на владата подоцна јавно се извини и ја нарече својата формулација погрешна, политичката дебата не стивна. Опозицијата го обвини за потценување на трудот што најчесто … Изјавата на канцеларoт Штокер за грижата на децата предизвика политички скандал во Австрија Read More » The post Изјавата на канцеларoт Штокер за грижата на децата предизвика политички скандал во Австрија appeared first on Слободен печат.
SvijetТрамп: Не придаваме преголемо значење на повторното отворање на Ормуската Теснина
Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормуската Теснина, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал „Аксиос“. – Не ѝ придаваме преголемо значење, го цитира „Аксиос“ Трамп, кој тоа го изјавил во телефонски разговор за порталот. Трамп истакна дека САД нема целосно да се посветат на преговорите со Иран. – Со нив преговараме само делумно. Само го набљудуваме Иран со неговата огромна инфлација и фактот дека нема пари - изјави Трамп за „Аксиос“, тврдејќи дека американската поморска блокада на иранските пристаништа ја влошила ситуацијата. – Сè ќе се реши. Секогаш се решава. Тоа е како шаховска партија - изјави Трамп за преговорите со Иран. „Аксиос“ пренесува и изјави на американски официјални лица кои тврдат дека претседателот е фокусиран на деескалација. Израелскиот експерт за Иран, Дени Цитринович, на социјалната мрежа Икс напиша дека економската состојба во Иран несомнено е лоша, но дека е малку веројатно економскиот притисок сам по себе да го принуди Техеран да капитулира на преговарачката маса или да се откаже од клучните стратешки интереси, како што е барањето за контрола над Ормуската Теснина. Иран во последните денови ги намали очекувањата за брзо повторно отворање на клучниот поморски пат. Иранското раководство…
SvijetТрамп го назначи Вил Шарф за правен советник на Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го назначи Вил Шарф, актуелен секретар за персонал на Белата куќа, за правен советник на Белата куќа и помошник на претседателот. Како што се посочува во соопштението од Белата куќа, Шарф ќе ја преземе функцијата на 1 септември, заменувајќи го Дејвид Ворингтон кој ја напушта администрацијата и ќе продолжи да работи во приватниот сектор. Ворингтон беше личен правен советник и адвокат на Трамп за време на неговата претседателска кампања во 2024 година. Трамп истакна дека Шарф претходно работел како федерален обвинител и го застапувал во повеќе случаи, вклучително и пред Врховниот суд на САД. Шарф ја предводеше и Националната комисија за планирање на главниот град која во април даде конечно одобрение за проектот на Трамп за изградба на балската сала во Белата куќа, вреден 400 милиони долари. „Вил е цврст, силен и паметен. Тој исто така ја сака нашата земја и го почитува законот“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“, додавајќи: „Вил Шарф одлично ќе ја извршува функцијата правен советник на Белата куќа“. Правниот советник на Белата куќа го советува претседателот за правни и политички прашања поврзани со претседателската функција. Канцеларијата е главната врска на Белата куќа со Министерството за правда, а меѓу нејзините…
SvijetЦУК: Пожарот кај Крива Паланка е под контрола, останатите 25 се изгаснати
Од Центарот велат дека изгаснати се пожари во повеќе региони низ земјата каде се интервенирало на запалена... The post ЦУК: Пожарот кај Крива Паланка е под контрола, останатите 25 се изгаснати appeared first on 360 степени.
SvijetГи славиме Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен
Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесеттемина апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес. А првите четворица немаат посебен ден за празнување, туку сите се спомнуваат на денешен ден, 28 јули. Прохор беше ракоположен од Светиот апостол Петар за епископ Никомидиски. Извесно време беше на служба кај Св. Јован Богослов и на островот Патмос ги забележа откровенијата што ги чу од устата на Св. Јован. Потоа се врати во Никомидија, каде што вложи голем труд за обраќање на народот во верата. Маченички се упокои во Антиохија, каде беше убиен од неверници. Свети Никанор пострада во Ерусалим истиот ден кога и Светиот архиѓакон Стефан, а набрзо по него пострадаа и две илјади други христијани, кои беа убиени од зли Евреи. Тимон беше епископ во Арабија и пострада за Христа на крст. Пармен умре пред очите на апостолите и тие го оплакаа и го погребаа. Тропар Вие ученици на Божјото Слово, вие носители на Духот Свет, вие јагниња на колење поведени, Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене, апостоли и ѓакони, маченички…
SvijetУште денови со пеколни горештини: Живата на термометарот до 40 степени, се спрема и невреме
Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од […]
Svijet(ВИДЕО) Тајфун ја погоди Кина: откажани илјадници летови, евакуирани над еден милион луѓе
Повеќе од милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучително и во поширокото подрачје на Шангај, откако тајфунот „Долфин“ стигна до копното. Невремето предизвика сериозни проблеми во сообраќајот, а само во Шангај се откажани околу 1.400 летови. „Долфин“ најпрво го погоди Јухуан во провинцијата Џеџијанг, со максимална... Текстот (ВИДЕО) Тајфун ја погоди Кина: откажани илјадници летови, евакуирани над еден милион луѓе е превземен од А1он.
SvijetКоперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени на европската програма „Коперник“. Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Мерењата покажаа и дека температурите се намалувале од запад кон источна Европа и Скандинавија, каде што било значително постудено. Гледано на ниво на цела Европа, јули бил 11-ти најтопол во историјата, со просечна температура од 20,49 степени. На глобално ниво, минатиот месец бил втор најтопол јули досега, исто како и јули 2024 година, со просечна температура од 16,9 степени, односно 1,47 степени над прединдустрискиот просек за јули. Рекордот и натаму го држи јули 2023 година, со просечна температура од 16,95 степени. Западна Европа од крајот на пролетта помина низ невообичаено долг период на високи температури, со четири топлотни бранови од крајот на мај. Податоците на „Коперник“ датираат од 1950 година, а за некои мерења и од претходни периоди.
SvijetТри едноставни пијалаци кои ќе ве одржат ладни и хидрирани во летните горештини
Доколку не сакате да пиете обична вода, добрата вест е дека постојат и други пијалаци што можат да му помогнат на вашето тело и кожа да останат хидрирани, особено во текот на жешките летни денови. Нутриционистката Беки Хокинс сподели три едноставни рецепти за британски „Мирор“ кои се одлични алтернативи на водата, а исто така содржат … Три едноставни пијалаци кои ќе ве одржат ладни и хидрирани во летните горештини Read More » The post Три едноставни пијалаци кои ќе ве одржат ладни и хидрирани во летните горештини appeared first on Слободен печат.
SvijetСончево и многу топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40 степени Целзиусови. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. В четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.