Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40 степени Целзиусови. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. В четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.
Povezane vijesti

U napadima dronovima sudanske vojske poginulo više od 300 ljudi

Војната во Украина се префрла во вселената? Руски воен сателит наводно се приближил на само 135 метри од фински шпионски сателит
