klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трамп го назначи Вил Шарф за правен советник на Белата куќа

Трамп го назначи Вил Шарф за правен советник на Белата куќа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·10. 08. 2026. 06:21:04

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го назначи Вил Шарф, актуелен секретар за персонал на Белата куќа, за правен советник на Белата куќа и помошник на претседателот. Како што се посочува во соопштението од Белата куќа, Шарф ќе ја преземе функцијата на 1 септември, заменувајќи го Дејвид Ворингтон кој ја напушта администрацијата и ќе продолжи да работи во приватниот сектор. Ворингтон беше личен правен советник и адвокат на Трамп за време на неговата претседателска кампања во 2024 година. Трамп истакна дека Шарф претходно работел како федерален обвинител и го застапувал во повеќе случаи, вклучително и пред Врховниот суд на САД. Шарф ја предводеше и Националната комисија за планирање на главниот град која во април даде конечно одобрение за проектот на Трамп за изградба на балската сала во Белата куќа, вреден 400 милиони долари. „Вил е цврст, силен и паметен. Тој исто така ја сака нашата земја и го почитува законот“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“, додавајќи: „Вил Шарф одлично ќе ја извршува функцијата правен советник на Белата куќа“. Правниот советник на Белата куќа го советува претседателот за правни и политички прашања поврзани со претседателската функција. Канцеларијата е главната врска на Белата куќа со Министерството за правда, а меѓу нејзините…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti