Svijet5527 vijesti
SvijetТрамп потпиша извршна уредба со која се намалува бројот препорачани вакцини за деца во САД
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата […]
SvijetВИДЕО: Расте бројот на жртви во земјотресот во Колумбија, спасувачите трагаат по заробени во урнатините
Најмалку 132 лица загинаа во Колумбија по еден од најсилните земјотреси што ја погодија земјата во последните години. Властите прогласија состојба на национална катастрофа, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по луѓе кои заробени под урнатините. Се стравува дека бројот на жртви може дополнително да расте. CONTINÚA LA LABOR DE... Текстот ВИДЕО: Расте бројот на жртви во земјотресот во Колумбија, спасувачите трагаат по заробени во урнатините е превземен од А1он.
SvijetЗеленски: Украина ќе продолжи со напади длабоко на руска територија за да покаже дека е неопходен мир
Украина ќе продолжи да изведува напади врз цели длабоко на руска територија за да и покаже на Русија и на нејзините граѓани дека е неопходно да се прекине војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Бележиме уште еден успех на нашите украински одбранбени сили - погоден е уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, и тоа на значително растојание – повеќе од 2.500 километри. Се наоѓа во Тоболск, во Сибир. Сега и тој регион е во досег на нашите прецизни удари. Тоа е многу значаен успех на нашите украински војници. Им благодарам на сите за прецизноста. Ќе има уште украински прецизни удари за да и покажеме на Русија и на рускиот народ дека е неопходен мир“, изјави Зеленски. Според украинскиот претседател, податоците од внатрешните истражувања на јавното мислење во Русија наводно покажуваат дека бројот на луѓето кои сакаат војната да заврши веќе се зголемува. Зеленски нагласи дека тоа треба да стане уште поизразено, така што „Путин и неговата администрација, агентите на Федералната служба за безбедност и сите останати во државата-агресор недвосмислено ќе разберат дека нема алтернатива на мирот“. (МИА)
SvijetРешавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната, тема на денешната средба со Скопје
Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат изземање од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена. Превозниците за првпат се среќаат во Скопје, а најавено е учество на претставници од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. - Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави вчера за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници - МАКАМТРАНС.
SvijetСончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно и пад на температурата
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево... Текстот Сончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно и пад на температурата е превземен од А1он.
Svijet34 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија
На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме. Ѕвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Сoнцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет. Спектакуларен примерок на ѕвездата е ископан во 1977 г. за време на археолошки ископувања во Кутлеш, Егејска Македонија, од страна на професорот Манолис Андроникос кај с. Кутлеш во околината на Постол. Тој го открил сонцето на златен ларнакс во гробниците на кралевите на Античка Македонија, која сметал дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски. Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија. Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет. Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста…
SvijetДискусија за насилството меѓу младите: Обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и министерката Јаневска
Младински активисти, ученици, психолози и експерти ќе учествуваат во дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“, која ќе се одржи денеска во вилата „Билјана“ во Охрид. На настанот, кој се организира во пресрет на одбележувањето на 12 Август - Меѓународниот ден на младите, обраќања ќе имаат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. -Настанот се одржува на предлог на Советот за млади и е предвидено да отвори институционална дебата за три поврзани прашања: примената на постојниот протокол за постапување во училиштата, поддршката за жртвите и пристапите за промена на однесувањето на насилниците, како и можните политики за ограничување или регулирање на користењето на социјалните мрежи кај децата и младите на возраст од 14 до 16 години, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
SvijetНа денешен ден – 11 август: Починал Живко Чинго, истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател
1941. Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнале на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулирале и на 14 август ја потпишале прочуената „Атлантска повелба“, чии начела ги прифатиле и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во Повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да … На денешен ден – 11 август: Починал Живко Чинго, истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател Read More » The post На денешен ден – 11 август: Починал Живко Чинго, истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател appeared first on Слободен печат.
SvijetДневен хороскоп за 11 август: Не преземајте туѓи одговорности само за да избегнете расправија
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 11 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Овни, ќе бидете енергични и подготвени да преземете иницијатива. Внимавајте да не ги прескокнете важните детали во вашата желба брзо да завршите сè. Денес ќе сакате повеќе отвореност и јасност во врските. Слободните можат да запознаат личност која ќе … Дневен хороскоп за 11 август: Не преземајте туѓи одговорности само за да избегнете расправија Read More » The post Дневен хороскоп за 11 август: Не преземајте туѓи одговорности само за да избегнете расправија appeared first on Слободен печат.
SvijetСончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно време и пад на температурата
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени. Според прогнозата на УХМР, многу топло време со мала до умерена облачност ќе се задржи и во среда, а во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. -Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
SvijetСончево и многу топло, температурите до 40 степени
Сончевото и топло време ќе се задржи и утре, а во четврток и петок на места се... The post Сончево и многу топло, температурите до 40 степени appeared first on 360 степени.
SvijetДенес се празнуваат Светиот маченик Калиник, Светата маченичка Серафима
Светиот маченик Калиник Родум од Киликија. Од малечок воспитан во христијанското благочестие. Остави с ? и тргна да го проповеда Евангелието. Во Анкира беше фатен од некој незнабожечки кнез Сакердон. Кога кнезот му се закани со грозни маки доколку не им се поклони на идолите, Свети Калиник му одговори: „Мене секоја мака за мојот Бог ми е добродојдена како леб на гладен“. По страшни истизавања и заплашувања кнезот го обу во железни опинци со внатрешни клинци и нареди да го тераат до градот Гангрски, зашто не смееше веќе да го мачи ниту да го погуби во Анкира, бидејќи мнозина што го гледаа јуначкото трпење на Божјиот човек се обратија во верата Христова. По патот војниците ожеднеа, а немаше вода. Свети Калиник се помоли на Бога и низведе вода од еден камен. Кога пристигнаа во градот Гангрски мачителите го фрлија Свети Калиник во вжарена печка. А светителот Му вознесе молитва на Бога, велејќи: „Ти благодарам, Оче Кој Си на небесата, Кој ме удостои за овој час во којшто за Твоето име умирам“. Потоа влезе во огнот. Кога изгасна огнот го најдоа неговото тело мртво, но неповредено и цело. Чесно пострада и се украси со венец на вечна слава во 250 година…