34 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме. Ѕвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Сoнцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет. Спектакуларен примерок на ѕвездата е ископан во 1977 г. за време на археолошки ископувања во Кутлеш, Егејска Македонија, од страна на професорот Манолис Андроникос кај с. Кутлеш во околината на Постол. Тој го открил сонцето на златен ларнакс во гробниците на кралевите на Античка Македонија, која сметал дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски. Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија. Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет. Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста…
Povezane vijesti

Srušio se avion u Sjedinjenim Američkim Državama, među poginulima i dijete

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
