Сончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно време и пад на температурата

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени. Според прогнозата на УХМР, многу топло време со мала до умерена облачност ќе се задржи и во среда, а во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. -Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Povezane vijesti

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Антонио Јолевски е назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везироски
