Svijet5512 vijesti
SvijetМенкиноски: БУГАРИЈА ГО ПРЕКРШУВА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО, ДОГОВОРИТЕ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ
Крајно време е бугарско-македонскиот спор да го поставиме како правно прашање, вели познатиот адвокат Тони Менкиноски во интервју за МКД. Менкиноски истакнува дека Бугарија во 2017 година со едната рака потпиша дека ќе ѝ помага на Македонија да стане членка на ЕУ, но, како што вели, со другата рака ја користи својата позиција во ЕУ за да го попречува процесот....
SvijetНа владина седница во вторник ќе биде донесена одлука за формирање на училишната кошничка
На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе се формира овогодинешната училишна кошничка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. -На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците. Така што во вторник имаме редовна владина седницва и тоа ќе се донесе како одлука, рече Мицкоски при посетата на Прилеп, каде што изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“ и во изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“. Мерката исто како и минатата година, ќе ги опфати основните училишни материјали што најчесто се купуваат пред почетокот на учебната година, меѓу кои ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, блокови, како и материјали за ликовно и техничко образование. Со владината мерка се очекува да се намали финансискиот товар за семејствата во периодот пред почетокот на учебната година, кога трошоците за опремување на учениците традиционално се зголемуваат.
SvijetБојковска: Македонија меѓу 30-те најдобро рангирани во светот за сајбер-безбедност
Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го изработува естонска Академија за е-управување, Македонија се искачи од 59. на 30. место во светот, меѓу 155 рангирани држави и територии, со 84,17 поени од можни 100. Тоа е скок од 29 позиции, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Таа додаде дека во 2023 година, Македонија беше на 59 место, немаше сеопфатна законска рамка за сајбер-безбедност, немаше јасна институционална одговорност, немаше стратешки пристап кон заштита на критичната инфраструктура. „Годините на минусната политика на претходната власт оставија држава која беше ранлива, необединета и без визија во оваа сфера, која денес е меѓу најважните за секоја модерна и одговорна држава. Донесен е нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, усвоена е Стратегија за сајбер-безбедност 2025–2028 со конкретен Акциски план. Воспоставивме механизми за национална координација и значително ги зајакнавме капацитетите за пријавување и справување со сајбер-инциденти. Ова е напредок за земјата базиран врз парнерства, јасна визија и сериозносот во спорведување на реформите“, рече Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Продолжуваме со спроведување на реформите, продолжуваме со градење капацитети за превенција и одговор и со продлабочување на меѓународната соработка. Безбедна дигитална држава значи безбедни јавни услуги, заштитени податоци…
Svijet„Експеримент П“ во француското министерство: НАД 200 ЖЕНИ БИЛЕ ЖРТВИ НА ПЕРВЕРЗЕН ДРЖАВЕН ФУНКЦИОНЕР
Застрашувачки скандал ја потресе француската јавност откако беше откриено дека висок државен службеник со години подмолно дрогирал кандидатки за работа. Преку бизарен „експеримент“, тој им ставал диуретици во пијалаците за да ги доведе во понижувачки ситуации за време на интервјуата....
SvijetНиколоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. - Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести - изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на општина Прилеп. Николоски посочи дека крајниот рок за изградба на автопатот останува ист, крајот на 2029 година, но оти првите километри целосно завршен автопат - во две насоки три плус три ленти со изградени помошни патишта ги очекува веќе следната година. Автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 километри е дел од пакетот автопатски делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и „Енка“. Вицепремиерот Николоски ја потенцираше поддршката за општина Прилеп од страна на Владата, наведувајќи дека преку програми од Министерството за транспорт се инвестираат 9,5 милиони евра. - Преку првиот повик се одвоени три милиони евра, во вториот 4,5 милиони, имаме и програма со Светска банка од 350 000 евра. Не ги забораваме и оние на кои им е најпотребна поддршката - социјално загрозените, 1,5 милиони евра се инвестираат…
SvijetМицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите, имајќи го предвид фактот со се она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави како Франција, во Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија. Во 2024 година […] The post Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите appeared first on Република.
SvijetКако држава годинава се справуваме најдобро со пожарите, порача Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите, имајќи го предвид фактот со се она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави како Франција, во Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија. - Во 2024 година во јуни месец сите три воздухоплови или познати во јавноста како „ер трактори“ беа приземјени без да биде направен соодветен ремонт на време. Оваа година ремонтот на овие три воздухоплови беше направен и завршен и тие беа на писта во мај месец оваа година. Значи беа целосно подготвени за да интервенираат онаму каде што има криза, рече Мицкоски при посетата на Прилеп. Тој потсети дека минатата година заедно со Министерството за одбрана и внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи и уште неколку други институции, ги пренамениле воените возила во противпожарни. - Минатата година заедно со Министерството за одбрана и внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи и уште неколку други институции, влеговме во процес во којшто ги пренаменивме воените возила, познати помеѓу армиските старешини и војници како пинцгауери, хермелини…
SvijetШасивари: Посилно партнерство со Австрија за модерно и ефикасно правосудство
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н. Е. Мартин Памер, на која беа разгледани можностите за натамошно унапредување на односите и партнерството меѓу двете земји во областа на правосудството. Соработката со Австрија не треба да се гледа само како билатерална правна помош, туку како партнерство за модернизација на правосудниот систем, јакнење на институциите и забрзување на нашата европска интеграција. Во наредниот период се очекува започнување конкретни активности во повеќе договорени области од заеднички интерес, согласно Меморандумот за соработка што пред три години го потпишаа министерствата за правда на Република Северна Македонија и Република Австрија. Активностите ќе опфатат зајакнување на владеењето на правото, реформи во граѓанското и кривичното право, борба против корупцијата и организираниот криминал, како и дигитализација на правосудството. Министерот Шасивари истакна дека австриското искуство и експертиза можат да бидат особено корисни во реформата на судството, унапредувањето на ефикасноста на правдата и меѓународната правна помош, придонесувајќи кон создавање поефикасен, транспарентен и современ правосуден систем.
SvijetЗа Мицкоски, скандалозна е одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот за набавките на модуларните болници
Сакам да знае јавноста дека ова не е политичка амнестија на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци,... The post За Мицкоски, скандалозна е одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот за набавките на модуларните болници appeared first on 360 степени.
SvijetТемператури над 40 степени, од недела заладување со услови за невреме
Утре во земјава ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. […] The post Температури над 40 степени, од недела заладување со услови за невреме appeared first on Република.
SvijetСЕКОЈ ПЕТТИ ХРВАТ Е ОФИЦИЈАЛНО СИРОМАШЕН: Пензионерите бараат итна реформа и посилни мерки против сиромаштијата
Сиромаштијата и тешкиот животен стандард на највозрасните граѓани повторно се во фокусот на хрватската Партија на пензионерите, која предупредува дека овие проблеми остануваат во сенка на политичките пресметки меѓу власта и опозицијата. Од партијата посочуваат дека еден од пет Хрвати е „официјално сиромашен“ и бараат итни промени во пензискиот систем, како и посилни мерки за намалување на сиромаштијата....
SvijetСкриени приклучоци во мебелот и подот: НОВ ТРЕНД ЗА ИДЕАЛЕН И ФУНКЦИОНАЛЕН ДОМ
Класичните разделници и продолжни кабли со години беа најбрзото решение во ситуации кога во становите нема доволно приклучоци или уредите се наоѓаат далеку од ѕидовите. Сепак, современите правила за уредување на ентериерот од корен го менуваат пристапот кон електричните инсталации, ставајќи го фокусот на функционалноста, криењето на приклучоците и нивното поставување токму на местата каде што најмногу се престојува и работи....