Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите, имајќи го предвид фактот со се она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави како Франција, во Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија. - Во 2024 година во јуни месец сите три воздухоплови или познати во јавноста како „ер трактори“ беа приземјени без да биде направен соодветен ремонт на време. Оваа година ремонтот на овие три воздухоплови беше направен и завршен и тие беа на писта во мај месец оваа година. Значи беа целосно подготвени за да интервенираат онаму каде што има криза, рече Мицкоски при посетата на Прилеп. Тој потсети дека минатата година заедно со Министерството за одбрана и внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи и уште неколку други институции, ги пренамениле воените возила во противпожарни. - Минатата година заедно со Министерството за одбрана и внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи и уште неколку други институции, влеговме во процес во којшто ги пренаменивме воените возила, познати помеѓу армиските старешини и војници како пинцгауери, хермелини…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
