klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Бојковска: Македонија меѓу 30-те најдобро рангирани во светот за сајбер-безбедност

Бојковска: Македонија меѓу 30-те најдобро рангирани во светот за сајбер-безбедност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 08. 2026. 10:32:20

Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го изработува естонска Академија за е-управување, Македонија се искачи од 59. на 30. место во светот, меѓу 155 рангирани држави и територии, со 84,17 поени од можни 100. Тоа е скок од 29 позиции, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Таа додаде дека во 2023 година, Македонија беше на 59 место, немаше сеопфатна законска рамка за сајбер-безбедност, немаше јасна институционална одговорност, немаше стратешки пристап кон заштита на критичната инфраструктура. „Годините на минусната политика на претходната власт оставија држава која беше ранлива, необединета и без визија во оваа сфера, која денес е меѓу најважните за секоја модерна и одговорна држава. Донесен е нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, усвоена е Стратегија за сајбер-безбедност 2025–2028 со конкретен Акциски план. Воспоставивме механизми за национална координација и значително ги зајакнавме капацитетите за пријавување и справување со сајбер-инциденти. Ова е напредок за земјата базиран врз парнерства, јасна визија и сериозносот во спорведување на реформите“, рече Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Продолжуваме со спроведување на реформите, продолжуваме со градење капацитети за превенција и одговор и со продлабочување на меѓународната соработка. Безбедна дигитална држава значи безбедни јавни услуги, заштитени податоци…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti