Sport1217 vijesti
SportДва сребрени и еден бронзен медал за македонските борачи на Медитеранските игри
Борачите ги донесоа првите (три медали) за македонските спортисти на Медитеранските игри Таранто 2026. Попладнево Иако имавме двајца финалисти, сепак златото беше недостижно, па епилогот е две сребра и бронза. Во првата и тоа финална во во категоријата до 74 килограми настапи Фати Вејсели. Тој за противникот го имаше албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев кој […]
SportСупер Куп на Евролигата ќе се одржи на 18-ти и 19-ти септември
Евролигата и Министерството за култура и туризам – Абу Даби го најавија почетокот на Суперкупот на Евролигата, а првиот турнир ќе се одржи на „Етихад Арена“ на островот Јас, со што ќе започне новата европска сезона. Според официјалното соопштение, на турнирот ќе учествуваат актуелниот шампион на Евролигата, Олимпијакос, шампионот од 2025 година, Фенербахче, финалистот од 2026 година, Реал Мадрид, и домаќинот Дубаи. Во полуфиналето на 18 септември, Олимпијакос ќе игра против Фенербахче , а потоа Дубаи ќе се соочи со Реал Мадрид. Натпреварот за третото место и големото финале ќе бидат на програмата следниот ден на 19 септември.
SportДва сребрени и еден бронзен медал за македонските борачи на Медитеранските игри
Борачите ги донесоа првите (три медали) за македонските спортисти на Медитеранските игри Таранто 2026. Попладнево Иако имавме двајца финалисти, сепак златото беше недостижно, па епилогот е две сребра и бронза. Во првата и тоа финална во во категоријата до 74 килограми настапи Фати Вејсели. Тој за противникот го имаше албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев кој ја доби борбата со 0-4. Во втората борба во категоријата 86 килограми Ахмад Магомедов ја освои бронза. Тој го победи Италијанецот, Габриеле Николини, со технички туш (10-0). Реџеп Хајдари се бореше за златото во категоријата до 97 килограми. Во финалето тој беше поразен од Даурен Куруглиев кој настапува под грчко знаме со 6-0, па Хајдари како и Вејсели мораше да се задоволи со среброто.
SportПМФЛ: Вардар го совлада Силекс
Во претпоследниот натпревар од 4.коло,на ПМФЛ одигран на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Вардар го победи Силекс со 4-1. Уште во третата минута по одличната контра која ја повлече Спахиу од левата страна, тој добро уфрли во шеснаесетникот на противникот. Младиот Димитар Данев беше на вистинското место и ја затресе мрежата на кратовци за 1-0 за Вардар. Во 37 минута силексовиот капитен Дарко Ангелески ефектно ја затресе мрежата на вардарци и израмни на 1-1. Во 45.мунута се обиде Босанецот, Шеро со удар од работ на шеснаесетникот, но Талевски со прекрасна парада не дозволи водство на Силекс. Во вториот дел нововлезениот Маневски носи ново водство на домаќините. се играше 62.минута кога нерешително во одбраната на кратовци Маневски доби доволно време да се намести и погоди за 2-1. само седум минути подоцна (69) Португалецот, Пиреш кој лани го носеше дресот на Силекс, сега погоди за Вардар за водство од 3-1. Во 75.минута Донов имаше голема шанса да постигне втор гол за Силекс. Од само пет метри, непречен од никого, тој биеше крај вардаровиот гол. Во 80,минута се обиде и Велиновски со глава, но биеше малку над голот на домаќините. Што гостите го пропуштија го казни Спахиу кој со голот во 88.минута ги…
SportТопката со која Марадона го постигна голот „Божја рака“ продадена за 2,5 милиони фунти
Фудбалската топка со која аргентинската легенда Диего Армандо Марадона го постигна својот познат гол „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти, јави денеска Би-Би-Си. Во 51. минута од четвртфиналниот натпревар одигран на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити, Марадона ѝ донесе водство на Аргентина, постигнувајќи […] The post Топката со која Марадона го постигна голот „Божја рака“ продадена за 2,5 милиони фунти appeared first on Република.
SportКомо го договори Кин од Фиорентина за 40 милиони евра
фото: Guido Olivares🇮🇹 @Guidolino8 (X) Напаѓачот на Фиорентина, Мојс Кин постигна договор со Комо, потврдуваат повеќе извори, вклучувајќи ги и „Газета дело Спорт“ и инсајдерот Фабрицио Романо. Минатата недела, Комо испрати понуда до Фи
SportЕкипата на ЖРК Куманово исклучена од Суперлигата
Ракометната Федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека екипата на ЖРК Куманово се исклучува од Суперлигата. Според известувањето, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, ЖРК Куманово нема да биде дел од елитното друштво. „Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна […] The post Екипата на ЖРК Куманово исклучена од Суперлигата appeared first on Република.
КФМ: Соколи 1933 е нов суперлигаш во домашниот шампионат
Кошаркарската федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по разгледување на пристигнатите пријави и целокупната доставена документација, а согласно Статутот, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, Пропозициите за натпреварување, Правилникот за лиценцирање и одлуките на Управниот одбор на КФМ, комисијата за лиценцирање утврди дека КК „Соколи 1933“ – Штип ги исполнува условите за пополнување на испразнетото […] The post КФМ: Соколи 1933 е нов суперлигаш во домашниот шампионат appeared first on Република.
SportТопката со која Марадона го постигна голот „Божја рака“ продадена за 2,5 милиони фунти
Фудбалската топка со која аргентинската легенда Диего Армандо Марадона го постигна својот познат гол „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти, јави денеска Би-Би-Си. Во 51. минута од четвртфиналниот натпревар одигран на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити, Марадона ѝ донесе водство на Аргентина, постигнувајќи гол со рака, а само четири минути подоцна ја удвои предноста со фантастичен слалом од средниот ред до противничкиот гол, поминувајќи четири противнички играчи и голманот. Една недела подоцна, Аргентина го освои Светското првенство совладувајќи ја во финалето Западна Германија со 3-2. Иако на саботната аукција во САД беше продадена за 2,5 милиони фунти (3,3 милиони долари), се очекуваше топката да достигне цена од близу 10 милиони долари. Топката „Адидас Ацтека“ повеќе од три децении беше во сопственост на Тунижанецот Али Бин Насер, кој го судеше четвртфиналниот натпревар во 1986 година. Фудбалскиот судија потпиша писмо во 2023 година со кое потврдува дека тоа е единствената топка што е користена за време на натпреварот, што беше потврдено со понатамошна независна верификација на нејзината автентичност. Бин Насер ја продаде топката во 2022 година за 2,37 милиони долари. Новиот сопственик ја стави повторно на аукција во 2023 година…
SportФабињо прави трансфер во Трабзонспор
Спортските медиуми објавија дека во Трабзонспор сега ќе пристигне и Фабињо, поранешниот соиграч на Салах од трофејните денови во Ливерпул и фудбалер кој може сериозно да му помогне на овој тим во текот на сезоната. Фабињо е слободен агент откако му заврши договорот со Ал Итихад и може да го потпише договорот со новиот клуб уште наредниве денови. Салах и Бразилецот играа заедно дури пет сезони, пред Фабињо да се пресели во Ал Итихад во 2023 година. Трабзонспор денеска игра натпревар и тоа против Башакшехир, а во првото коло и на дебито на Салах, ремизираше на гостувањето кај Касимпаша.
SportЕкипата на ЖРК Куманово исклучена од Суперлигата
Ракометната Федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека екипата на ЖРК Куманово се исклучува од Суперлигата. Според известувањето, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, ЖРК Куманово нема да биде дел од елитното друштво. „Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига. Ова следува по претходно донесената одлука на ЖРК Овче Поле СУ да продолжи да се натпреварува во Првата женска ракометна лига“, се вели во соопштението.
SportКФМ: Соколи 1933 е нов суперлигаш во домашниот шампионат
Кошаркарската федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по разгледување на пристигнатите пријави и целокупната доставена документација, а согласно Статутот, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, Пропозициите за натпреварување, Правилникот за лиценцирање и одлуките на Управниот одбор на КФМ, комисијата за лиценцирање утврди дека КК „Соколи 1933“ – Штип ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место во Супер лигата – мажи за натпреварувачката сезона 2026/27. За испразнетото место конкурираа КК „Соколи 1933“ – Штип, КК „Феникс 2010“ – Скопје и КК „Шкупи“ – Скопје. КК „Феникс 2010“ – Скопје во моментов не ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место, согласно член 7.1.3 од Пропозициите за натпреварување, како и член 24 од Правилникот за натпреварување на КФМ. КК „Шкупи“ – Скопје, кој во сезоната 2025/26 не учествуваше во системот на натпреварување, откако поради неисполнети финансиски обврски не го оствари правото на настап во Првата македонска лига – мажи, не ги исполни пропишаните услови за стекнување право на настап во највисокиот степен на натпреварување, согласно член 41 од Правилникот за натпреварување, член 7 од Регистрацискиот правилник, како и условите утврдени во постапката за лиценцирање. Имајќи го предвид наведеното, како и надлежноста на Управниот одбор на КФМ за утврдување на системот и…