Sport Sjeverna Makedonija
Фабињо прави трансфер во Трабзонспор

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·24. 08. 2026. 15:09:03
Спортските медиуми објавија дека во Трабзонспор сега ќе пристигне и Фабињо, поранешниот соиграч на Салах од трофејните денови во Ливерпул и фудбалер кој може сериозно да му помогне на овој тим во текот на сезоната. Фабињо е слободен агент откако му заврши договорот со Ал Итихад и може да го потпише договорот со новиот клуб уште наредниве денови. Салах и Бразилецот играа заедно дури пет сезони, пред Фабињо да се пресели во Ал Итихад во 2023 година. Трабзонспор денеска игра натпревар и тоа против Башакшехир, а во првото коло и на дебито на Салах, ремизираше на гостувањето кај Касимпаша.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

