klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

КФМ: Соколи 1933 е нов суперлигаш во домашниот шампионат

КФМ: Соколи 1933 е нов суперлигаш во домашниот шампионат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·24. 08. 2026. 15:02:46

Кошаркарската федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по разгледување на пристигнатите пријави и целокупната доставена документација, а согласно Статутот, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, Пропозициите за натпреварување, Правилникот за лиценцирање и одлуките на Управниот одбор на КФМ, комисијата за лиценцирање утврди дека КК „Соколи 1933“ – Штип ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место во Супер лигата – мажи за натпреварувачката сезона 2026/27. За испразнетото место конкурираа КК „Соколи 1933“ – Штип, КК „Феникс 2010“ – Скопје и КК „Шкупи“ – Скопје. КК „Феникс 2010“ – Скопје во моментов не ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место, согласно член 7.1.3 од Пропозициите за натпреварување, како и член 24 од Правилникот за натпреварување на КФМ. КК „Шкупи“ – Скопје, кој во сезоната 2025/26 не учествуваше во системот на натпреварување, откако поради неисполнети финансиски обврски не го оствари правото на настап во Првата македонска лига – мажи, не ги исполни пропишаните услови за стекнување право на настап во највисокиот степен на натпреварување, согласно член 41 од Правилникот за натпреварување, член 7 од Регистрацискиот правилник, како и условите утврдени во постапката за лиценцирање. Имајќи го предвид наведеното, како и надлежноста на Управниот одбор на КФМ за утврдување на системот и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti