Region269 vijesti
RegionРекорден скок на македонските аеродроми со најбрз раст во регионот, вели Мицкоски
Македонските аеродроми бележат најбрз раст во регионот според бројот на патници, а зголемувањето на воздушниот сообраќај е резултат на политиките и активностите преземени во изминатите 25 месеци, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека податоците за растот на бројот на летови и патници покажуваат значително зголемување во споредба со минатата година. -Бројот на летови и […]
RegionНигерија ослободи над 300 киднапирани лица во северно-централниот регион на земјата
Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, денеска соопшти дека во најголемата еднодневна акција за спасување што досега ја спровеле безбедносните сили на земјата биле ослободени најмалку 308 лица кои претходните месеци биле киднапирани во повеќе напади на северот од Нигерија. Како што наведе Тинубу во соопштение, меѓу ослободените се 163 луѓе киднапирани во февруари од заедницата Воро во областа Кајама, во сојузната држава Квара, како и 145 лица кои главно биле киднапирани во сојузната држава Нигер. Тинубу оцени дека станува збор за „најголемата акција за спасување некогаш изведена во еден ден“ во Нигерија. „Успешното спроведување на оваа операција водена од разузнавачките служби ја покажа сè поголемата ефикасност и соработка на нашите безбедносни служби. Им оддавам признание на храбрите припадници на нашите вооружени сили и безбедносни служби за нивната храброст и непоколеблива посветеност на заштитата на животите на граѓаните на Нигерија“, наведе Тинубу. Нигерискиот претседател не изнесе детали за операцијата во која беа ослободени повеќе од 300 луѓе кои со месеци беа во заточеништво, наведувајќи само дека се пронајдени во шумско подрачје и дека во моментов им се дава медицинска помош. Киднапирањата на ученици и други цивили се чести во Нигерија, каде што вооружените групи користат киднапирања за да извршат притисок врз…
Region„НЕ СМЕ НА ДНОТО, ТУКУ ПРЕД РЕГИОНОТ“ - Мицкоски до опозицијата „Извештајот на Евростат ги руши вашите тврдења“
„НЕ СМЕ НА ДНОТО, ТУКУ ПРЕД РЕГИОНОТ“ - Мицкоски до опозицијата „Извештајот на Евростат ги рушии вашите тврдења“
RegionМицкоски: Опозициските тврдења ги демантира извештајот на Евростат за куповната моќ, Македонија е пред сите земји од регионот
Денеска, на потпишувањето на договорите за финансирање на делницата Крива Паланка – Деве Баир, премиерот Христијан Мицкоски одговори и на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат, кој се однесува на куповната моќ на граѓаните во земјите од Европа. -Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од некои медиуми коишто имаат исто мислење со опозицијата. Се водеше плитка кампања, која повторно беше демантирана, и повторно, претпоставувам, опозицијата и дел од медиумите ќе жалат и ќе бидат разочарани затоа што Македонија не е најслаба, туку е подобра од неколку земји од Европската Унија и, би рекол, пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните, додаде Мицкоски. Претседателот на Владата, Мицкоски, истакна дека лично смета оти се гледа разлика во однос на состојбата од пред три-четири години и дека е видлив напредокот на земјата, но сепак додаде дека тоа не е доволно и дека тој и Владата ќе продолжат посветено да работат на подобрување на стандардот на граѓаните и развојот на земјата. -Ако тоа се спореди со бројките од пред три-четири години, ќе може да се забележи значаен…
RegionМицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци
Во рамките на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање посветено на бројот на патници на македонските аеродроми. -Она коешто охрабрува се податоците коишто операторот на двата меѓународни аеродроми ги пренесе, истото тоа го пренесе и Министерството за транспорт, а тоа е дека двата аеродроми се најбрзорастечки во регионот по бројот на патници. Исто така и Светска банка во делот за туризам тоа го потенцира. Тоа е лоша вест за опозицијата и за оние нихилисти коишто гледаат како да не успее државата, но е добра вест за граѓаните и за сите оние коишто ѝ мислат добро на земјата, бидејќи тоа што го работиме 25 месеци полека се консолидира и полека покажува знаци на жилавост и на отпорност на сите овие кризи коишто се случуваа, а резултатите стануваат сè повеќе видливи, рече премиерот. Мицкоски посочи дека бројот на летови и бројот на патници во првите седум месеци веќе не…
RegionПронајдено телото на Германец исчезнат во морето кај грчкиот остров Сими
Грчките власти во средата го пронајдоа телото на маж кој од викендот се водеше како исчезнат во морето во близина на југоисточниот грчки остров Сими, јави „Катимерини“. Станува збор за еден од осумте германски туристи кои во неделата влегле во морето за да пливаат, но не успеале да се вратат на едрилицата. Во тој момент … Пронајдено телото на Германец исчезнат во морето кај грчкиот остров Сими Read More » The post Пронајдено телото на Германец исчезнат во морето кај грчкиот остров Сими appeared first on Слободен печат.
RegionФОТО: Страшна сообраќајка во Загреб, автомобил преполовен
Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во Загреб, во која едно лице го загуби живото, а две се повредени и пренесени во болница. Според хрватските медиуми, несреќата се случила околу 22 часот, а според првичните извештаи, автомобилот, од сè уште непознати причини, излетал од патот и силно удрил во столб, при што возилото било речиси целосно уништено и пресечено на половина. FOTO / Teška prometna nesreća u Zagrebu: Jedna osoba poginula, dvije ozlijeđenehttps://t.co/ms7zkpSfWC — N1 Hrvatska (@N1Hrvatska) August 6, 2026 Точните околности на несреќата и сериозноста на повредите на двете лица сè уште не се познати. Според очевидци, автомобилот се движел со голема брзина непосредно пред несреќата, но сè уште се чека официјална потврда за причината.
RegionТурист го заборавил детето во хотел во Грција, кренал тревога на аеродром мислејќи дека исчезнало
Странски државјанин во вторникот по грешка пријавил дека неговото дете исчезнало на аеродромот на егејскиот остров Наксос, но потоа дознал дека детето било оставено во сместувањето каде што престојувало семејството, објави „Екатимерини“. Инцидентот се случил околу пладне, кога мажот пристигнал со автомобил на аеродромот и им кажал на надлежните дека го изгубил детето. Полицајци на … Турист го заборавил детето во хотел во Грција, кренал тревога на аеродром мислејќи дека исчезнало Read More » The post Турист го заборавил детето во хотел во Грција, кренал тревога на аеродром мислејќи дека исчезнало appeared first on Слободен печат.
RegionЗападнонилската треска се шири низ Грција: 23 нови случаи за една недела, шестмина починаа, власта очекува нови случаи
Грција потврди 65 локално стекнати случаи на западнонилска треска, од кои 23 биле регистрирани само во изминатата недела, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Според податоците заклучно со 5 август, кај 54 пациенти се развиле сериозни невролошки компликации, меѓу кои енцефалитис, менингитис и акутна флакцидна парализа. Останатите 11 заразени имале лесни симптоми или кај … Западнонилската треска се шири низ Грција: 23 нови случаи за една недела, шестмина починаа, власта очекува нови случаи Read More » The post Западнонилската треска се шири низ Грција: 23 нови случаи за една недела, шестмина починаа, власта очекува нови случаи appeared first on Слободен печат.
RegionПронајден мртов исчезнатиот германски турист во близина на грчкиот остров Сими
Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција пто започна во неделата попладне, откако заедно со уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, што откако ја напуштиле пловела без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера, во утринските часови во морскиот дел западно од Сими било пронајдено безживотно тело кое било идентификувано како осмиот исчезнат патник од едрилицата. Во неделата попладне, како што веќе објави МИА, едрилицата на осумтемина германски туристи била забележана како неконтролирано плови, по што започна спасувачка акција со патролни бродови, брод пловидба за отворено море и хеликоптер Супер Пума. Беа пронајдени седум од осумте лица, односно двајца успеале сами да допливаат до брегот, еден бил пронајден на брегот од рибарски чамец, а уште четворица биле лоцирани на блискиот брег од патролен чамец на крајбрежната служба. Потрагата продолжи во море и на копно за пронаоѓање на последниот исчезнат турист, чие тело беше пронајдено вчера.
RegionВо Грција расте бројот на заболени од вирусот Западен Нил: Потврдени нови 65 случаи и шестмина починати
Грција бележи ново зголемување на бројот на заболени од вирусот Западен Нил, откако во изминатата седмица беа потврдени уште 23 нови случаи. Според најновиот неделен извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), од почетокот на овогодишната сезона се регистрирани вкупно 65 случаи на инфекција, додека бројот на починати се... Текстот Во Грција расте бројот на заболени од вирусот Западен Нил: Потврдени нови 65 случаи и шестмина починати е превземен од А1он.
RegionПотврдени 23 нови случаи на вирусот на Западен Нил во Грција
Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно шест лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна парализа), додека кај 11 случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем. Бројот на починати пациенти со инфекција со вирусот на Западен Нил се зголеми на шест лица (минатата седмица беа четири), сите на возраст од над 65 години, со просечна возраст од 79 години (опсег меѓу 66 – 91 година). Од заразените, 20 се хоспитализирани, а 38 биле отпуштени од болница. Повеќето од случаите (вкупно 48) се регистрираните во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а останатите 13 во регионот Тесалија и во северна Грција, додека пак четири случаи се во фаза на епидемиолошко истражување. Првиот случај на инфекција за оваа сезона во Грција беше регистрирани на почетокот на јули. Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е во Грција во…