klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Опозициските тврдења ги демантира извештајот на Евростат за куповната моќ, Македонија е пред сите земји од регионот

Мицкоски: Опозициските тврдења ги демантира извештајот на Евростат за куповната моќ, Македонија е пред сите земји од регионот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·06. 08. 2026. 10:04:07

Денеска, на потпишувањето на договорите за финансирање на делницата Крива Паланка – Деве Баир, премиерот Христијан Мицкоски одговори и на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат, кој се однесува на куповната моќ на граѓаните во земјите од Европа. -Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од некои медиуми коишто имаат исто мислење со опозицијата. Се водеше плитка кампања, која повторно беше демантирана, и повторно, претпоставувам, опозицијата и дел од медиумите ќе жалат и ќе бидат разочарани затоа што Македонија не е најслаба, туку е подобра од неколку земји од Европската Унија и, би рекол, пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните, додаде Мицкоски. Претседателот на Владата, Мицкоски, истакна дека лично смета оти се гледа разлика во однос на состојбата од пред три-четири години и дека е видлив напредокот на земјата, но сепак додаде дека тоа не е доволно и дека тој и Владата ќе продолжат посветено да работат на подобрување на стандардот на граѓаните и развојот на земјата. -Ако тоа се спореди со бројките од пред три-четири години, ќе може да се забележи значаен…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti