klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Потврдени 23 нови случаи на вирусот на Западен Нил во Грција

Потврдени 23 нови случаи на вирусот на Западен Нил во Грција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 08. 2026. 06:56:00

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно шест лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна парализа), додека кај 11 случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем. Бројот на починати пациенти со инфекција со вирусот на Западен Нил се зголеми на шест лица (минатата седмица беа четири), сите на возраст од над 65 години, со просечна возраст од 79 години (опсег меѓу 66 – 91 година). Од заразените, 20 се хоспитализирани, а 38 биле отпуштени од болница. Повеќето од случаите (вкупно 48) се регистрираните во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а останатите 13 во регионот Тесалија и во северна Грција, додека пак четири случаи се во фаза на епидемиолошко истражување. Првиот случај на инфекција за оваа сезона во Грција беше регистрирани на почетокот на јули. Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е во Грција во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti