Društvo161 vijesti
DruštvoТАЖНА ВЕСТ: Почина професор Денко Скаловски
Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија, информираат од Филозофскиот факултет во Скопје. Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Прво студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Магистрирал во 1992 година со трудот „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал во 2000 година со дисертацијата „Антиподи на современата филозофија на музиката“. Во академската кариера бил избран за доцент во 2000 година, а за редовен професор во 2010 година. Во 2010 и 2015 година престојувал на постдокторски студии на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт на Мајна, под супервизија на проф. Аксел Хонет. Неговите научни и истражувачки интереси опфаќаа филозофија, филозофија на родот, филозофија на културата, филозофија на уметноста (естетика), историја на родот и полот и социологија на спортот. Телото ќе биде изложено на 09.07 во капелата во Ѓорче Петров од 12:00 до 13:00 часот, а погребот ќе се одржи во 13:00 часот. -Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите, студентите и сите што имаа чест да соработуваат со него. Нека почива во мир, велат од факултетот.
DruštvoЦентар за социјална работа ќе ги „заживее“ канцелариите во „Влајко“
На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците изгласаа локалната самоуправа да го даде надземниот премин „Влајко“ во Влае на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје на времено користење без надоместок. Вандализираниот и запуштен „Влајко“ можеби повторно ќе се обновува Овој надземен премин беше пуштен во употреба во 2006 години, а … Центар за социјална работа ќе ги „заживее“ канцелариите во „Влајко“ Read More » The post Центар за социјална работа ќе ги „заживее“ канцелариите во „Влајко“ appeared first on Слободен печат.
DruštvoНов лик за студентските домови: КОС, ЈАНЕВСКА И САЛИ ВО ПОСЕТА НА „СТИВ НАУМОВ“
Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“, каде се одвиваат активности за темелна реконструкција....
DruštvoКоја е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
Додека Лионел Меси и Аргентина постигнаа спектакуларен пласман во четвртфиналето по неверојатниот пресврт против Египет, неговата најголема поддржувачка и сопруга Антонела Рокуцо се огласи на социјалните мрежи со емотивна објава, повторно привлекувајќи го вниманието на јавноста. Сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо, не ги криеше своите емоции по драматичната победа на Аргентина над Египет на Светското првенство. Се чинеше дека Меси и актуелните светски шампиони ќе бидат елиминирани од Светското првенство во осминафиналето, бидејќи губеа со 2-0 против Египет на 12 минути до крајот. Сепак, Аргентина постигна три гола за само 13 минути во неверојатен финиш и направи голем пресврт за да се пласира во четвртфиналето. Сопругата на Меси, Антонела, и нивните три сина, Тијаго, Матео и Чиро, го гледаа натпреварот од трибините на стадионот во Атланта. По натпреварот, Антонела му посвети емотивна објава на својот сопруг, за кого се омажи во 2017 година, на Инстаграм. Таа ги опиша фотографиите на кои позира со своите деца облечени во дресови на Аргентина со бројот 10 на Меси: „Ајде Аргентина, немам зборови“. Таа сподели и неколку фотографии од ВИП ложата, на кои се гледа неговото презиме на дресот. Иако сега е една од најпознатите жени во светскиот фудбал, Антонела Рокуцо успешно ги…
DruštvoБред Пит за прв пат позираше за социјалните мрежи со 29-годишната убавица
Холивудскиот актер Бред Пит (62) и неговата девојка, Инес де Рамон (33), беа меѓу илјадниците гости на раскошната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келс. Иако сè уште нема фотографии од невестата, таа успеа да зачува сè во тајност, но гостите ги споделија своите фотографии на Инстаграм. Вака се појавија Инес и Бред на интернет, што е воедно и нивна прва заедничка фотографија на Инстаграм, благодарение на фризерката Лаура Занолети, која ги објави. View this post on Instagram A post shared by Laurie Zanoletti (@lauriezanoletti) „Мојот омилен љубовен пар“, напиша Лаура во описот. Како што можете да видите од фотографиите, двајцата беа совршено стилизирани. Бред избра елегантен црн костум, додека Инес носеше црн фустан од тантела со спуштени прерамки. Бред Пит и Инес де Рамон ја започнаа својата љубовна приказна во 2022 година, и иако од самиот почеток се обидуваа да не откриваат никакви детали за себе, секој нивни чекор привлекуваше сè поголемо внимание.
DruštvoЕврокомесарката Кос и министрите Јаневска и Сали во посета на студентскиот дом „Стив Наумов“
Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“, каде се одвиваат активности за темелна реконструкција. На крајот на мај министерката Јаневска направи увид во работите на реконструкцијата на овој студентски дом. Јаневска тогаш изјави дека од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија. За реконструкција и изградба на студентските домови ќе бидат потрошени околу 50 милиони евра, од кои 10 милиони евра се грант. Парите се обезбедени со заем од Германската развојна банка, а грантот е преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија. Во план е темелно реновирање на деветте државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и во Охрид. Реконструкцијата ќе се одвива во фази. Во првата фаза се реновираат домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје за што е склучен договор со компанијата „Страбаг АГ“, која ги изведува градежните активности. Еврокомесарката Кос денеска е во…
DruštvoКонески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток истакна дека мерката за студентско практикантство во локалните самоуправи има за цел да им овозможи на младите стекнување практично искуство, при што студентите во текот на август и септември ќе можат да бидат практиканти во општините од кои доаѓаат. Според него, иницијативата, која се реализира под водство на Министерството за локална самоуправа во соработка со повеќе државни институции и државните универзитети, ќе придонесе младите да стекнат практични знаења, а општините да добијат дополнителна енергија и нови кадри. -Ова е една нова иницијатива која е под водство на Министерството за локална самоуправа, во соработка со повеќе државни институции, а исто така и со државните универзитети. Мерката предвидува дека за време на месеците август и септември студентите ќе имаат прилика активно да учествуваат, односно да бидат практиканти внатре во локалните самоуправи на своите општини. Визијата позади оваа мерка е да воведеме една реална политика каде што младиот човек ќе можеме да му дадеме практично образование, на општините да им дадеме млада силна енергија. Младите се едни од столбовите на ВМРО-ДПМНЕ, во програмата што ја понудивме пред граѓаните во 2024 имаше голем број…
DruštvoСиндикатот на УЈП бара раст на платите од следниот месец
Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи денеска треба да го комплетира анексот на Колективниот договор со кој треба да им се исправи една голема неправа како што велат, а со тоа да ги добијат парите кои законски им следуваат. Во разговор за Телевизија 24 синдикалниот лидер Васе Неданоски вели дека е оптимиост и […]
DruštvoСиндикатот на УЈП бара раст на платите од следниот месец
Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи денеска треба да го комплетира анексот на Колективниот договор… The post Синдикатот на УЈП бара раст на платите од следниот месец appeared first on Fokus.mk.
DruštvoВртлог пред студенски кампус во Кина: Торнадо однесе сè на својот пат, најмалку 11 мртви
Најмалку 11 лица загинаа, а 331 се повредени во силно невреме што ја погоди кинеската провинција Хубеи. Пет лица ги загубија животите само во градот Еџоу, додека спасувачките екипи сè уште работат на терен. Од понеделник до вторник, силни ветрови проследени со грмотевици ги погодија градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Сјанинг. Според Синхуа, 53 општини регистрирале налети на ветер од осум до 13 степени според Бофортовата скала, што влијаело на околу 14.600 жители. Во две општини беа измерени ветрови од 13 степени, додека во некои области беа регистрирани и торнада. Властите соопштија дека обемот на материјалната штета сè уште се проценува, а досега се евакуирани 246 лица. Метеоролошкиот завод на Хубеи соопшти дека издал голем број предупредувања за лоши временски услови во текот на претходните 18 часа, почнувајќи од 11 часот наутро во вторник. Иако некои претходни предупредувања истекоа, 86 останаа на сила, главно поради обилни врнежи од дожд, силни грмотевици и силни ветрови. На граѓаните им се препорачува да ги следат предупредувањата и состојбата на водотеците, како и да преземат заштитни мерки. Откако помина бурата, речиси 3.000 припадници на разни служби беа распоредени во Хуангганг за да учествуваат во операциите за спасување и помош. Градот Еџоу активираше црвена тревога…
DruštvoСТУДЕНТИ, ИСКОРИСТЕТЕ ГО ЛЕТОТО - „Месеци на практикантство“ за полесен влез на пазарот на труд
Студентите добиваат можност стекнатото знаење за време на студиите да го применат во пракса уште пред нивното дипломирање, работејќи директно во општините, велат од ВМРО-ДПМНЕ....
DruštvoВМРО-ДПМНЕ: Студентите ќе можат да реализираат практикантска работа во општините
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека студентите ќе добијат можност да стекнат практично работно искуство во општините преку програмата „Месеци на практикантство“, која ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Според партијата, програмата има за цел студентите уште за време на студирањето да го применат стекнатото знаење во практична работа, со што ќе се олесни нивниот премин од образовниот процес кон пазарот на труд. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека оваа мерка е дел од Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021–2031 и е насочена кон подобрување на вработливоста на младите, жените и другите ранливи категории, како и кон намалување на јазот меѓу образованието и потребите на работодавачите. Во соопштението се посочува дека програмата предвидува подобра координација меѓу државните институции, локалната самоуправа и академската заедница, со цел младите да стекнат практични вештини и работно искуство, особено во регионите каде што невработеноста кај младите е поизразена. Според ВМРО-ДПМНЕ, вклучувањето на студентите ќе го координира надлежната агенција, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и во соработка со државните универзитети, ќе ја организира нивната практична работа согласно потребите на општинските администрации. Од партијата оценуваат дека со ваквите програми на младите им се овозможува стекнување…