klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година

Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 08. 2026. 09:41:29

Министерството за образование и наука објави повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година и ги повика сите студенти кои ги исполнуваат условите да се пријават. Тие треба да се државјани на Република Македонија, да се редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година. Кандидатите треба да се пријават електронски на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ Рокот за пријавување за тековните студенти, како и за лицата кои ќе се запишат и ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2026/2027 година, е од 26 до 31 август 2026. -Исто така, почнувајќи од октомври, секој 1. до 5. во месецот за секој месец од академската 2026/2027 година ќе тече рокот за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti