klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Владата на Нов Зеланд иницира процедура за забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години

Владата на Нов Зеланд иницира процедура за забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 08. 2026. 07:13:02

Конзервативната Влада на Нов Зеланд денеска ќе поднесе во Парламентот предлог-закон со кој се предвидува забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи. „Едноставно не можеме да ја прифатиме штетата што се нанесува на цела една генерација деца“, изјави премиерот, Кристофер Луксон. Тој нагласи дека социјалните мрежи ги изложуваат децата на штетна содржина, технологии што создаваат зависност и притисок со кој тие не се подготвени да се справат. Според Луксон, тоа влијае врз семејниот живот, менталното здравје, спиењето и образованието на младите.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti