Златен медал за Марко Џорлев на Светското карате првество за кадети во Полска

Штипјанецот Марко Џорлев денеска го освои златниот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска. Џорлев кој е дел од македонската репрезентација во финалето го победи Адам Ваги од Република Унгарија со резултат 4 :1. Неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот (КК)-Штип на социјалните медиуми објавија дека Марко Џорлев е светски шампион. - Македонија има Светски Шампион,Штип има Светски Шампион,карате клуб Штип има Светски Шампион. Радувај се Македонијо. Фала му на Господ за сѐ - напишаа Сашко и Жарко Арсовски. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на социјалните медиуми напиша ссвоеното светско злато е гордост за Штип, Македонија и Карате клубот Штип. - Македонија слави, Штип се гордее! Нашиот Марко Џорлев е светски шампион! Освоеното светско злато е гордост за Штип, Македонија и Карате клубот „Штип“. Благодарност и до тренерите Сашко и Жарко Арсовски за нивната посветена работа и создавањето шампиони. Браво, Марко! Ти си пример дека со труд, дисциплина и посветеност се стигнува до светскиот врв - истакна Јорданов. МИА


