klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Стаменкоска Трајкоска оствари средба со Марко Топузовски по освојувањето светска бронза во Италија

Стаменкоска Трајкоска оствари средба со Марко Топузовски по освојувањето светска бронза во Италија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·15. 10. 2026. 09:52:09

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во својот кабинет го пречека Марко Топузовски, вработен во Општина Кисела Вода, кој неодамна оствари огромен спортски успех освојувајќи го бронзениот медал на Светското првенство во кинеско борење одржано во Италија. На приемот присуствуваше и неговиот тренер Страшо Глигоров од спортскиот клуб „7-ми МАЈ ШУИ ЏИАО Скопје“. На средбата се разговараше за предизвиците на големото натпреварување, огромниот вложен труд и спортскиот пат на Топузовски, кој претставува пример за успешно балансирање меѓу професионалните работни обврски и врвниот спорт. Општина Кисела Вода континуирано ги охрабрува спортските амбиции на своите граѓани, радувајќи се на секој нивен исчекор кон светскиот врв. -Особено ме радува што нашиот Марко е вистински пример за млад, вреден и одговорен човек кој успешно ги усогласува работните обврски во Општина Кисела Вода со спортската кариера. Неговиот успех покажува дека со упорност, добра организација и љубов кон она што го работиме, можеме да стигнеме до врвот. За Општина Кисела Вода е вистинска чест да биде ветер во грб и сопатник во вакви големи спортски приказни. Верувавме во неговиот потенцијал, а неговиот медал денеска е наша заедничка гордост. Горда сум на нашите колеги и сограѓани кои со својата работа, труд и успеси ги…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti