klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зголемениот интерес на младите ја потврдува атрактивноста и важноста на сметководствената професија

Зголемениот интерес на младите ја потврдува атрактивноста и важноста на сметководствената професија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 07. 2026. 15:38:02

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го поздравува зголемениот интерес на младите за образование во областа на сметководството. По зголемениот број запишани студенти на катедрите за сметководство и ревизија во изминатата година, годинава е евидентен и пораст на интересот кај средношколците, при што во првиот уписен рок во повеќе средни економски училишта се исполнети предвидените места во сметководствената област. Во таа насока, Институтот ги повикува сите општествени чинители во своето делување да придонесуваат кон унапредување на угледот и атрактивноста на сметководствената професија. Професијата која обезбедува доверба во финансиското известување, транспарентност во работењето и стабилност на економскиот систем заслужува почит, афирмација и заедничка поддршка, особено во период кога сè повеќе млади луѓе ја препознаваат како своја професионална определба. Дополнително, охрабрува фактот што годинава може да се очекува уште поголем интерес и за студиските програми по сметководство и ревизија на економските факултети. Позитивниот тренд укажува дека младите сè повеќе ја препознаваат сметководствената професија како сигурен, перспективен и значаен кариерен избор. Денес сметководството е професија која се развива паралелно со дигиталната трансформација, примената на вештачката интелигенција и современите технологии, а улогата на сметководителите сè повеќе се проширува од обработка на податоци кон анализа и советување и поддршка при носење деловни одлуки. Институтот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti