ВМРО-ДПМНЕ: „Месеци на практикантство“ конкретна мерка преку која студентите ќе стекнат искуство

Студентите добиваат можност стекнатото знаење за време на студиите да го применат во пракса уште пред нивното дипломирање, работејќи директно во општините, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа се овозможува преку програмата „Месеци на практикантство“ која ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Со имплементацијата на оваа програма Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите и спроведува една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021 – 2031, која Собранието ја усвои како изменет и дополнет документ усогласен со приоритетите на Националната развојна стратегија 2024 – 2044. Целта на оваа мерка која предвидува имплементација на програми за практикантство е да се зголеми вработливоста на младите невработени, жените и другите ранливи категории, да се намали јазот помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и да се превенира недостигот од вештини, особено во планските региони каде младите се соочуваат со поголем ризик од невработеност“, велат од партијата. Мерката за практикантство е дел од Приоритетот 1.5 од Стратегијата за регионален развој, насочен кон инвестирање во човечкиот капитал и подобрување на структурата на работната сила, преку која ќе се воспостави поефикасен систем за планирање, координација и спроведување на развојните политики, со посилна поврзаност меѓу националните…
Povezane vijesti

Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, се прави се за младите да останат во Македонија

Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
