Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток истакна дека мерката за студентско практикантство во локалните самоуправи има за цел да им овозможи на младите стекнување практично искуство, при што студентите во текот на август и септември ќе можат да бидат практиканти во општините од кои доаѓаат. Според него, иницијативата, која се реализира под водство на Министерството за локална самоуправа во соработка со повеќе државни институции и државните универзитети, ќе придонесе младите да стекнат практични знаења, а општините да добијат дополнителна енергија и нови кадри. -Ова е една нова иницијатива која е под водство на Министерството за локална самоуправа, во соработка со повеќе државни институции, а исто така и со државните универзитети. Мерката предвидува дека за време на месеците август и септември студентите ќе имаат прилика активно да учествуваат, односно да бидат практиканти внатре во локалните самоуправи на своите општини. Визијата позади оваа мерка е да воведеме една реална политика каде што младиот човек ќе можеме да му дадеме практично образование, на општините да им дадеме млада силна енергија. Младите се едни од столбовите на ВМРО-ДПМНЕ, во програмата што ја понудивме пред граѓаните во 2024 имаше голем број…
Povezane vijesti

Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, се прави се за младите да останат во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Студентите ќе можат да реализираат практикантска работа во општините
