klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

За првпат во историјата на Македонија: Онколошката грижа на маса на највисоко ниво

За првпат во историјата на Македонија: Онколошката грижа на маса на највисоко ниво
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·15. 10. 2026. 11:49:53

Министерството за здравство и здружението ХЕМА-ОНКО денес, во Свечената сала на Владата, ја одржаа работилницата „Редефинирање на онколошката грижа: системски решенија за достапна и непрекината грижа во Македонија“. За прв пат во историјата на Македонија, за состојбата и иднината на онколошката грижа се разговара на вакво високо ниво. На една маса седнаа Владата, Министерството за здравство, МАНУ, Медицински и Фармацевтски факултет, Институтот за јавно здравје, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, ГОБ „8 Септември“, повеќе директори на ЈЗУ, здравствени работници и од јавен и од приватен сектор, претставници на пациентите, како и на индустријата. Со нив беа и водечки експерти од Франција, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. „Сега е критичен момент како од фрагментиран и преоптоварен систем на онколошка грижа да преминеме во сеопфатен национален план и онколошка мрежа со единствени стандарди и ја има целата поддршка на Владата и здравствените власти“ изјави министерот за здравство Сашо Клековски на отворањето. „За првпат во историјата на Македонија за ракот се разговара на вакво ниво: Владата, институциите, лекарите, пациентите и врвни европски експерти заедно“, изјави директорот на УКРО Игор Стојковски. Инаку, бројките покажуваат зошто разговорот е итен. Во 2023 година во Македонија се регистрирани 8.371 нови случаи на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti