Клековски: Пациентите не можат да чекаат, следуваат итни мерки за стабилизација на онколошката грижа

Потребата од воспоставување национална онколошка мрежа, единствени стандарди за лекување и долгорочен план за контрола на ракот беа во фокусот на работилницата „Редефинирање на онколошката грижа: системски решенија за достапна и непрекината грижа во Македонија“, што денеска ја организираа Министерството за здравство и здружението ХЕМА-ОНКО. Како што соопштуваат од Министерството за здравство, на настанот, за првпат на едно место се собрале претставници на Владата, здравствените институции, академската заедница, пациентските организации и меѓународни експерти за да разговараат за состојбите и иднината на онколошката грижа во земјата. Министерот за здравство Сашо Клековски оценил дека пред државата стои задача од фрагментиран и преоптоварен систем да премине кон сеопфатен пристап во лекувањето на онколошките пациенти. - Сега е критичен момент како од фрагментиран и преоптоварен систем на онколошка грижа да преминеме во сеопфатен национален план и онколошка мрежа со единствени стандарди и ја има целата поддршка на Владата и здравствените власти - изјави Клековски. Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски, истакнал дека за првпат прашањето за онколошката грижа се отвора на највисоко ниво. - За првпат во историјата на Македонија за ракот се разговара на вакво ниво: Владата, институциите, лекарите, пациентите и врвни европски експерти заедно - рече Стојковски. Според…
Povezane vijesti
Ustavni sud 19. oktobra ponovo odlučuje o Sporazumu sa Emiratima

Tužilaštvo pokrenulo istragu protiv 12 pripadnika organizovane kriminalne grupe osumnjičenih za otmicu i ubistvo Milana Stokovića
