klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·15. 10. 2026. 11:16:08

Повеќе од 160 здравствени работници и соработници од целата држава минаа низ регионални обуки за борба против корупција во здравството. На обуките учествуваа доктори, медицински сестри, акушерки, психолози, социјални работници и административен персонал, а се одржаа во осум градови во сите плански региони во Македонија. Ова е дел од активностите за зголемување на капацитетите на медицинскиот персонал да ги препознава сите форми на корупција и да се вклучи во нивното спречување, а се одржа во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“, кој го спроведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ. „Целта е да се зајакнат знаењата и практичните капацитети на учесниците за професионално и етичко постапување, препознавање на корупциските ризици и различните форми корупција, разбирање на нивната родова димензија, како и соодветно реагирање и користење на механизмите за пријавување. Преку практични примери, дискусии и интерактивна работа, учесниците ги поврзаа овие теми со секојдневната професионална практика, а работеа и на унапредување на професионалните стандарди, еднаквиот третман на пациентите и интегритетот во здравствените установи“, изјави Борјан Павловски од Здружението ЕСЕ. Најголем дел од здравствените работници се свесни за присуството на коруптивните практики, но само мал дел од нив реагираат или ги…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti