klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот законик

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот законик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 07. 2026. 13:41:27

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик, потврдија за МИА од владејачкото мнозинство. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што наведуваат оттаму, да прифатат и една изборна единица. Левица во меѓувреме побарала државното финансирање за изборно рекламирање за партии со пратенички групи да биде 10 отсто и одлучувањето во ДИК да биде консензуално, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо. Во измените и дополнувањата на Изборниот законик што се во собраниска процедура и за коишто сега се поднесени околу 13.500 амандмани од СДСМ и Левица, најспорен беше предлогот за електронско гласање на дијаспората. СДСМ веднаш го одби овој предлог, додека за Левица беше прифатлив за сметка на зголемување на процентот за платено политичко рекламирање за избори. Учесниците во работната група за Изборниот законик за буџетското финансирање на партиите за избори го прифатиле предлогот на ДУИ и Левица соодносот на бројот на пратеници да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti