Приказната зад виралната фотографија на Меси и Јамал пред финалето на Мундијалот

Фотографијата на која Лионел Меси го капе Ламин Јамал, тогаш бебе старо само шест месеци, повторно ги преплави социјалните мрежи во пресрет на финалето на Светското првенство 2026 меѓу Аргентина и Шпанија. Многумина дури сега првпат ја откриваат оваа необична фотографија, но таа не настанала при случајна средба. Снимена е во рамките на хуманитарен календар што шпанскиот спортски весник „Спорт“ го организирал заедно со Барселона и УНИЦЕФ. Зад идејата стоел Ориол Каналс, тогаш одговорен за промотивните активности на весникот. Каналс во интервју за „Спорт“ се присетил на моментот кога првпат сфатил дека старата архивска фотографија станала вистински интернет-феномен. „Бев на базен кога видов објава од поранешен колега од „Спорт“ кој ја споделил фотографијата. Мојата реакција беше: ‘Оваа фотографија е наша’“, раскажал Каналс. Иако поминале 15 години откако го напуштил весникот, признава дека и натаму чувствува дека фотографијата е делумно и негова. „Точно знаев дека ја направил Жоан Монфорт за хуманитарниот календар. Речиси веднаш го визуализирав моментот“, објаснил тој. Во тие фотосесии учествувале големи фудбалски имиња како Роналдињо, Карлес Пујол, Самуел Ето и Тјери Анри, но средбата со Меси, како што вели Каналс, природно останала посебно врежана во неговото сеќавање. За значењето што фотографијата го доби сега, кога Меси и Јамал…
Povezane vijesti
KLADIONICE OTPISALE VOŠU PRED GOSTOVANJE FERENCVAROŠU! Pogledajte kakve su kvote pred večerašnju utakmicu!
