klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Лудило со цените за финалето во Њујорк: Најевтините билети чинат повеќе од 6.000 евра

Лудило со цените за финалето во Њујорк: Најевтините билети чинат повеќе од 6.000 евра
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·15. 07. 2026. 23:23:34

Секој што досега не обезбедил билет за големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина ќе мора длабоко да посегне во џебот. На само неколку дена пред натпреварот, цените на најпопуларните американски платформи за препродажба достигнаа неверојатни суми. Најевтините билети се продаваат за околу 7.000 долари, односно приближно 6.130 евра, додека најскапите достигнуваат и до 39.000 долари, што е повеќе од 34.000 евра. На официјалната интернет-страница на ФИФА повеќе нема обични билети за финалето. Во продажба останаа само таканаречените „hospitality“ пакети, кои вклучуваат премиум места, пристап до посебни зони, храна, пијалаци и подобра видливост кон теренот. Но, и тие се далеку од достапни за просечниот навивач. Најевтините премиум-пакети чинат меѓу 15.000 и 17.000 долари, поскапите достигнуваат до 29.000 долари по лице, додека најлуксузната понуда чини дури 57.000 долари – речиси 50.000 евра. На платформата „StubHub“ најголемиот дел од билетите се нудат за околу 8.000 долари, но има и понуди од 25.000 и 35.000 долари. Слични цени се појавуваат и на „Ticketmaster“, една од најпознатите платформи за билети за спортски и забавни настани во САД, каде што просечната цена исто така се движи околу 8.000 долари. На „TickPick“, платформа што ги споредува цените и посредува при препродажба на билети, најевтината…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti