Во Битола одбележан 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап

Лајонс клубот „Кабадаја“ Битола денес го одбележа 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап. Заедно со Здружението на слепи лица маршираа низ Широк Сокак под мотото „Марш на солидарноста“. Ова е традиционален марш за поддршка, подигнување на јавната свест и подобрување на квалитетот на животот на слепите и слабовидните лица. „Слепите не гледаат со очи, туку гледаат со срце! Да бидеме нивна поддршка“ порачаа од Лајонс клубот „Кабадаја“ на маршот кој започна од кај хотелот „Епинал“, а заврши кај Премиер Центар. На маршот се придружи и градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој посочи дека Општина Битола продолжува во континуитет со поддршка за слепите лица, во насока на поголемо олеснување во нивното секојдневие. Преку Програмата за социјална заштита се предвидени средства за адаптација на физичка пристапност, мобилност и функционалност на лица со попреченост, до 61.000 денари за набавка на опрема или адаптација на домот согласно потребите на лицата со попреченост. Исто така и бесплатно користење на градски автобуски превоз, а Општина Битола започна да ги покрива и трошоците за превоз на лица со попреченост, наменски транспорт со адаптирано возило на Црвениот крст Битола до здравствени установи во и надвор од Битола.
Povezane vijesti

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организираше инклузивна работилница по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап

ДЕНОТ НА БЕЛИОТ СТАП ОДБЕЛЕЖАН ВО СОБРАНИЕТО: Пристапноста не е привилегија, туку право
