klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организираше инклузивна работилница по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организираше инклузивна работилница по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·15. 10. 2026. 12:51:30

По повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, во соработка со ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, организираше инклузивна едукативно-креативна работилница под наслов „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР – БИБЛИОТЕКА ЗА СИТЕ“, посветена на самостојноста, пристапноста, еднаквите можности и почитувањето на различностите. Во работилницата учествуваа деца од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и од ООУ „Коле Неделковски“, кои преку заеднички активности, разговор и творештво имаа можност да го истражуваат светот преку различните сетила и да ја осознаат важноста на меѓусебното разбирање, поддршката и почитувањето. Меѓународниот ден на белиот стап ја нагласува важноста на ова помагало за безбедното и самостојно движење на слепите лица и лицата со оштетен вид, но истовремено испраќа и поширока порака за потребата од пристапна средина и рамноправно учество во сите сфери на општествениот живот. Затоа, преку ваквите активности, библиотеката ја потврдува својата улога како културен и образовен простор отворен за сите, во кој пристапот до знаењето, книгата и културата не смее да биде ограничен од каква било различност. Посебен акцент во работилницата беше ставен на практичното запознавање со значењето и функцијата на белиот стап (бастун). Преку непосредно запознавање и демонстрација, децата имаа можност да научат како се користи ова помагало, на кој начин им…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti