ВМРО-ДПМНЕ: „За 2 години Влада над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евра, продолжуваат инвестициите во спортот

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата во изминатите две години реализирала и започнала повеќе од 60 спортски проекти, со вкупна вредност над 21 милион евра, со цел подобрување на спортската инфраструктура низ Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека инвестициите се насочени кон создавање подобри услови за развој на спортот, младите и рекреативците, како и кон поттикнување на нови спортски успеси. Според соопштението, во изминатиот период се реконструирани и започнати повеќе капитални проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и Гевгелија и спортската сала во Радовиш. Во тек се и реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, Крушево и Воената академија во Скопје, како и изградбата на нови трибини на градскиот стадион во Тетово. Од партијата велат дека со овие инвестиции се создаваат современи и безбедни услови за спортување, се поттикнува развојот на врвниот спорт и се отвораат можности за организација на спортски настани што ќе придонесат и за локалниот економски развој. Се додава и дека Владата ќе продолжи со капиталните вложувања во спортската инфраструктура, оценувајќи дека тие претставуваат долгорочна инвестиција во здрави генерации и во развојот на македонскиот спорт.
Povezane vijesti

Тест на личноста — кои се вашите скриени способности? Она што прво ќе го видите ќе ви го даде одговорот!
BRAT PREMIJERA ŠPANIJE PROGLAŠEN KRIVIM: Evo koja mu je kazna izrečena zbog nepotizma i administrativnog prekršaja!
