klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ: Свети Николе се развива преку проекти што носат подобри услови за живот на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Свети Николе се развива преку проекти што носат подобри услови за живот на граѓаните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·18. 10. 2026. 09:48:13

Локалната власт во Свети Николе, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со реализација на проекти насочени кон подобрување на инфраструктурата, унапредување на образовните услови и уредување на јавните простори, со цел да обезбеди поквалитетен живот за граѓаните, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Во изминатиот период се реконструираа улици во населените места Амзабегово, Ерџелија и Мустафино, како и повеќе улици во градот, меѓу кои „Карпошева“, „11-та Македонска бригада“, „Петар Поп Арсов“, „Ванчо Ангелов“ и дел од улицата „Скопска“. Со овие инфраструктурни зафати се подобруваат условите за движење и секојдневното функционирање на граѓаните. Посебно внимание се посветува и на образовните објекти. Уредени се училишните дворови во ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“, додека во „Кочо Рацин“ се реконструираа фасадата и покривот, со што се создаваат подобри услови за учениците и наставниот кадар. Покрај инфраструктурата и образованието, општината работи и на уредување на јавните површини. Во тек се активности поврзани со реконструкција на дел од коритото на Горобинска Река, како и со уредување на јавните простори и градскиот парк, со цел создавање почиста, поуредена и попријатна животна средина. Општината има предвидено и нови проекти во областа на патната инфраструктура, реконструкцијата на училишните објекти и заштитата на животната средина…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti