klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, се прави се за младите да останат во Македонија

Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, се прави се за младите да останат во Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 07. 2026. 10:43:52

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го става младиот човек во центарот на своите политики и создава услови младите да ја гледаат својата иднина дома, во своите општини, изјави Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Наш приоритет е развојот на локалната самоуправа. Силни општини значат подобри услуги, побрз развој и повеќе можности за секој граѓанин затоа што локалниот развој не може да биде успешен без вклучување на младите, нивното знаење, идеи и енергија. Токму затоа Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите“, изјави Конески. Ова партнерство ќе овозможи јакнење на капацитетите на општините, поголемо вклучување на младите во локалните процеси и примената на современите решенија кои ќе придонесат за поквалитетни услуги за граѓаните, додаде тој. „Програмата „Месеци на практикантство“, ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма, студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините. Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti