klik.world
Region Sjeverna Makedonija

ВИДЕО: Осми ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите

ВИДЕО: Осми ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 18:34:06

Полицијата во Тирана, на осмиот ден од протестите, употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои бараат оставка на премиерот Еди Рама. Протестот почнаа без поголеми тензии или судири меѓу младите демонстранти и полицајците. Три часа од почетокот на протестите, група млади демонстранти фрлија молотови коктели кон канцеларијата на премиерот, како и камења полицијата, која одговори со солзавец и водни топови за да ја растера толпата. Средношколците и студентите бараат пониски школарини и повеќе државни инвестиции во образованието, а протестираат и против корупцијата во образовниот систем. Тие се придружија на пошироко антивладино движење кое бара оставка од Рама. Најновите протести во Албанија следат по месеци митинзи организирани од движењето „Фламинго“. Движењето се појави како одговор на изградбата на голем луксузен туристички комплекс на јужниот брег на Албанија, кој е поврзан со инвестициска фирма основана од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. - Фрлање камења, обиди за соборување на владата и промена на власта преку насилство, ова е нешто што никогаш нема да се дозволи, во која било форма или од која било причина, истакна денеска Рама по состанокот со наставниците и претставниците на училиштата во Тирана. Според него, „легитимните грижи на граѓаните“ се злоупотребуваат од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti