klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Ескалација на протестите во Албанија: Вистинска „војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите бараат оставка од Рама (ВИДЕО)

Ескалација на протестите во Албанија: Вистинска „војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите бараат оставка од Рама (ВИДЕО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·17. 10. 2026. 17:12:00

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците на Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама. Протестите, кои повеќе од три месеци се одвиваа мирно, ескалираа во судири со полицијата, која, според извештаите, употребила солзавец, водени топови и гумени куршуми. Демонстрантите се собраа пред Министерството за образование, каде што дел од нив фрлаа камења кон полициските сили. Во претходните денови беа пријавени инциденти со палење владини објекти и банки, како и материјална штета врз деловни објекти. Незадоволството на граѓаните е насочено кон обвинувањата за корупција во владата, недостигот од работни места, високите трошоци за живот и проблемите во образованието. Протестите дополнително се разгореа по низата корупциски скандали, во кои, според обвинувањата, се вмешани лица блиски до премиерот Рама, а кои се поврзуваат со финансиски злоупотреби во вредност од повеќе милијарди евра. Контроверзии предизвика и проектот за изградба на луксузен туристички комплекс на албанското крајбрежје. Проектот отвори прашања за користењето на земјиштето и заштитата на животната средина. Според полициските податоци објавени во саботата, повеќе од илјада лица биле уапсени, додека стотици се соочуваат со кривично гонење. Седум полициски службеници биле суспендирани поради сомневања за пречекорување на овластувањата. Премиерот Еди Рама ги отфрли повиците за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку демократски…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti