klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Шести ден протести во Албанија: Улично насилство, судири со полицијата – Рама не помислува на оставка (ВИДЕО)

Шести ден протести во Албанија: Улично насилство, судири со полицијата – Рама не помислува на оставка (ВИДЕО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·18. 10. 2026. 17:52:15

Протестите против албанскиот премиер Еди Рама влегоа во шестиот ден, а ситуацијата во Тирана и натаму е напната, со нови судири меѓу демонстрантите и полицијата. И покрај зголемениот притисок на улиците, Рама категорично ги отфрла барањата за оставка и порачува дека нема намера да се повлече од функцијата. Стотици демонстранти денеска повторно се собраа пред Министерството за образование во Тирана, извикувајќи „Рама, оставка!“. Протестите прераснаа во насилни судири, при што демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели кон полицијата, а беа запалени и контејнери за отпад. Полицијата одговори со солзавец, водени топови и гумени куршуми, обидувајќи се да ги растера насобраните. Немирите предизвикаа штети на јавни и приватни објекти во центарот на албанската престолнина. Дел од продавниците и институциите ги обезбедија своите излози и влезови, стравувајќи од нови инциденти. Бараат оставка и крај на корупцијата Незадоволството на демонстрантите е насочено кон лошите услови на универзитетите, високите трошоци за студирање, недостигот од работни места и обвинувањата за корупција. Студентите се приклучија на поширокото антивладино движење, кое бара политичка одговорност од премиерот. Според медиумските извештаи, во досегашните пет дена од немирите биле приведени 167 лица, а 132 полицајци биле повредени. Седум полициски службеници се суспендирани додека се испитуваат наводите за прекумерна употреба на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti