Ученици од Франција во посета на општина Неготино

Врз основа на воспоставената соработка која започна од оваа година помеѓу СОУ Св Кирил и Методиј од нашиот град и гимназијата Озанам од градот Лил во Франција, во работна посета на општина Неготино престојуваат средношколци од Франција кои денес градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева ги прими во работниот кабинет и се задржа во краток разговор со нив и со нивните домаќини од неготинската гимназија. Предходно, група од 16 ученици од СОУ Св Кирил и Методиј заедно со професорот по француски јазик Драган Трпковски од 2-ри до 9-ти октомври престојува во посета на Лил, а возвратната посета на учениците од Франција се одвива од вчера и ќе трае до недела 25-ти октомври. Целта на соработка е размена на искуства помеѓу учениците и професорите од двете училишта, запознавање со културата на двете држави, а гостите од Франција ќе имаат можност да се запознаат со дел од убавините на Македонија преку посета на Охрид, Скопје, Стоби, Битола и Д.Капија. На учениците од Франција градоначалничката Нацева им посака пријатен престој во Неготино и остварување на зацртаните цели преку соработката меѓу учениците.


