Ферати оствари средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер

Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер му ја честиташе функцијата на министерот Агон Ферати и му посака успех во извршувањето на службените должности и остварувањето на стратешките цели на Владата. Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот Ле Риголер за ангажманот на Франција во поддршката на Македонија во достигнувањето на демократските стандарди, владеењето на правото и социјалната кохезија, како и во процесот на пристапување кон Европската Унија. Притоа, тој изрази интерес за продлабочување на соработката со Амбасадата на Франција и француските институции. Амбасадорот ја поздрави понудата за натамошна соработка и ја истакна важноста од негувањето на добрите меѓуетнички односи, третирањето на Охридскиот рамковен договор како дел од заедничкото наследство, како и зачувувањето на неговиот дух. Тој се интересираше и за предлог-законот за соодветна и правична застапеност, посочувајќи дека Франција, од усвојувањето на Методологијата во 2019 година, останува посветена на унапредувањето на земјите кандидатки на патот кон членство во Европската Унија, како и на нивниот пристап до заедничкиот пазар и различните програми на Унијата. Амбасадорот се осврна и на најновиот предлог на Европската комисија, нагласувајќи дека треба да се почека за да се види дали истиот ќе биде одобрен и од Европскиот совет. Министерот Ферати го информираше амбасадорот за правичниот и инклузивен…


