Тушевска: Со ребалансот средствата се пренасочуваат кон проекти што ќе дадат реален ефект за граѓаните

На денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јулија Тушевска која истакна дека со овој ребаланс на Буџетот се врши пренасочување на средствата каде што е најпотребно, односно кон проекти и политики кои ќе дадат реален ефект за граѓаните и економијата. „Со овој ребаланс се врши пренасочување на средства таму каде што се најпотребни. Средствата не остануваат заробени во позиции кои нема да се реализираат, туку се насочуваат кон проекти и политики што ќе дадат реален ефект за граѓаните и за самата економија. Тоа е суштината на одговорно управување со јавните финансии. Тој е знак дека Владата активно ја следи состојбата, реагира навреме и ја води државата одговорно“, рече Тушевска. Пратеничката Тушевска истакна дека и покрај глобалните геополитички тензии, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на меѓународните пазари, македонската економија покажува отпорност и бележи позитивни економски показатели. „Светот повторно се соочува со сериозни геополитички тензии, раст на цените на енергенсите и неизвесност на меѓународните пазари. Сето тоа неминовно има влијание и врз нашата економија. Но и покрај тие предизвици, македонската економија покажува отпорност. Во првиот квартал од 2026 година е остварен реален економски раст од 3,1%, градежништвото бележи раст од дури…
Povezane vijesti

Стојаноски: Преку ребаланс на буџет се реализираат капитални проекти и се подобрува животниот стандард

Јаревски: Владата преку ребалансот ја намалува невработеноста и го поттикнува бизнисот
